Џафери доби внук, денеска нема продолжение на конститутивната седница

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Во Собранието денеска нема да се одржи продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав што вчера ја најави претседавачот Талат Џафери.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата и дека кога ќе имаат дополнителни информации за седницата ќе информираат. На својот Facebook профил тој синоќа објави дека добил внук од ќерка.

Џафери вчера изјави дека им дал задолжение на собраниските служби да подготват продолжение на конститутивната седница, но седницата не беше најавена на веб – страницата на Собранието. Рече дека, штом претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство. За ова тој веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот.

Талат Џафери синоќа на неговиот Facebook профил објави дека добил внук од ќерка.

– Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!

Честитки за внукот доби од лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска напладне треба да го добие мандатот за составување Влада од шефот на државата Стево Пендаровски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе