Дафи со потресна исповед: Се криев и дозволив силувањето да стане мој сопатник

Британската пејачка Дафи неодамна сподели со јавноста дека причината за нејзиното повлекување од естрадата било трауматично искуство од кое тешко закрепнала.

Сега за првпат таа ги откри деталите за нејзиното четиринеделно патешествие во кое била дрогирана, киднапирана, однесена во странска земја и силувана.

„Силувањето е како убиство кое трае – жива си, ама мртва“, вели Дафи.

„Она што можам да го кажам е дека ми требаше многу време, кое понекогаш ми се чинеше бесконечно, за да си ги вратам моите искршени делчиња.“

Таа рече дека не пријавила во полиција бидејќи не се чувствувала безбедно.

Дафи го имаше најпродаваниот албум во Велика Британија во 2008 година и освои три БРИТ награди и Греми, но исчезна по објавувањето на нејзиниот втор албум во 2010 година.

Нејзината долга писмена изјава во која не го идентификува напаѓачот, следи еден месец откако ја соопшти непријатната вест преку објава на Instagram.

На нејзината веб-страница, Дафи напиша:

„Тоа се случи на мојот роденден. Бев дрогирана во ресторан и потоа уште во текот на четири недели и однесена во странска земја.

Не се сеќавам како сум се качила во авионот и се освестив во задниот дел на едно возило. Бев однесена во хотел каде напаѓачот се врати и ме силуваше“, пишува Дафи.

Размислувала да побегне, но премногу се плашела. Нејзиното мрачно патешествие таа му го раскажала минатото лето на Ијан Јангс, новинар во културната рубрика на BBC.

„Не знам како имав сила да ги издржам тие денови, го чувствував присуството на нешто кое ми помагаше да се одржам во живот“, се присетува пејачката.

Дафи му раскажала не само за ужасните детали од киднапирањето и сексуалниот напад, туку и за длабоките психолошки последици од силувањето, за стравот и криењето и за тоа колку ѝ било тешко после тоа да изгради односи со луѓето.

„По објавата на Instagram во февруари имавме долги и честопати емотивни телефонски разговори, додека се трудеше да продолжи понатаму со животот најдобро што знае. Повеќето од времето таа зборуваше, јас слушав“, раскажува Јангс.

„Не ми го кажа името на напаѓачот и рече дека не пријавила во полиција. Како новинар, тешко е да ја провериш веродостојноста на ваквите изјави, но нејзините раскажувања беа конзистентни и беше јасно низ што поминала“, вели тој.

Размислувала дали да даде интервју, но решила дека тоа ќе ѝ биде премногу тешко, па напишала писмена изјава. Првично ја разгледувале опцијата да ја објават на BBC, но Дафи на крај одлучила да ја објави на својот сајт DuffyWords.com.

„Мене ми беше доверена нејзината приказна. Но, тоа не е само приказна, за неа тоа е нејзиниот живот, нејзиното закрепнување и за неа беше најважно да го каже тоа.“

Дафи објаснила дека се вратила во Велика Британија со напаѓачот, но тој ѝ се заканувал дека ќе ја убие, па не го пријавила стравувајќи за својот живот.

„Не се чувствував безбедно за да пријавам во полиција. Мислев дека ако нешто тргне наопаку, ќе ме најде и ќе ме убие. Не можев да ризикувам да бидам во опасност и да бидам медиумска сензација“, му рекла Дафи.

Таа помислувала и на самоубиство.

„Понекогаш поминуваа недели без да видам жива душа. Бев сосема сама. Ги соблекував носените пижами, ги палев во каминот и облекував нови. Косата ми се заплеткуваше бидејќи не се чешлав долго време, па ја истрижав. Со тоа што се криев, што не зборував, дозволив силувањето да стане мој сопатник“.

Размислувала и да го смени името и да замине во друга држава. Мислела дека ако го сподели ова со јавноста, дека животот ќе ѝ биде целосно уништен.

„Потоа сфатив дека со криење се уништувам уште повеќе и верувам дека фактот дека не пеам ме убива. Затоа морав да бидам силна и да се соочам со моите стравови. Морав да бидам искрена и да гледам напред. Сега можам да ја оставам оваа деценија зад себе. Во минатото каде што ѝ е местото. Се надевам дека веќе нема да има прашања од типот ‘Што ѝ се случи на Дафи?’ и сега сум... слободна.“

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе