Daimler претстави е-камион со домет до 500 километри
Производителот на комерцијални возила Daimler Truck претстави електричен камион со автономија на возење од околу 500 километри и батерија што брзо се полни, соопшти компанијата на саемот IAA Transportation во Хановер.
Сериското производство на моделот eActros LongHaul треба да започне во 2024 година, пренесува dpa.
Камионот користи три батерии со вкупен капацитет од повеќе од 600 kW. Батериите имаат животен век од 10 години или 1,2 милиони километри.
Батериите од литиум фероксид ќе се полнат од 20 до 80 проценти од капацитетот за помалку од 30 минути на станиците за полнење од еден мегават, според Дајмлер.
На клиентите, сепак, им е потребна соодветна инфраструктура, предупреди директорот на компанијата Мартин Даум, додавајќи дека „за побрз развој на е-мобилноста, неопходно е да се здружат индустријата и политиката“.
Daimler ќе ги произведува е-камионите во фабриката во Верт, на иста линија како и конвенционалните возила.