Свет

Далај Лама: Европа им припаѓа на Европејците, бегалците треба да се вратат дома

14. септември 2018 - 12:04 | М.Д.

„Европа им припаѓа на Европејците“, изјави оваа среда во Шведска духовниот лидер Далај Лама, а на бегалците им порача дека би требало да се вратат во своите држави за повторно да ги изградат, пренесува „Business Times“.

Тибетанскиот лидер, кого го следат милиони будисти ширум светот, го изрази својот став, со кој ја шокираше светската јавност, на конференција одржана во шведскиот град Малме, засолниште за многу бегалци, три дена откако се одржаа парламентарни избори во оваа земја.

И самиот бегалец, Далај Лама, и порача на Европа јасно да им каже на бегалците да ги развиваат своите земји

Добитникот на Нобелова награда за мир во 1989 година, изјави дека Европа е „морално одговорна“, за помош на „бегалците кои навистина се соочуваат со опасност по својот живот“.

„Помогнете им, помогнете им, образувајте ги, но на крај тие би морале да ги развиваат своите држави“, изјави 83-годишниот Далај Лама, кој е и самиот бегалец уште од 1959 година, кога побегна во Индија стравувајќи за својот живот, откако Кинезите тогаш ја окупираа неговата татковина.

„Сметам дека Европа им припаѓа на Европејците“, изјави тој додавајќи дека на бегалците јасно треба да им се стави до знаење, дека на „крај тие повторно би требало да ги градат државите од кои доаѓаат“.

Далај Лама дојде во Шведска, во рамките на својата посета во Европа, а во текот на неделата ќе ги посети уште и Холандија, Германија и Швајцарија, пишува „Tibetan Journal“.

Коментирај