НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Кошаркарите на Далас Маверикс се пласираа во финалето на Западната конференција од плеј-офот во НБА лигата, откако во серијата подобар од 7 со 4-2 ја совладаа Оклахома Сити Тандер.

Решавачка во серијата беше синоќешната голема победа по пресврти и драма со резултат 117:116.

Оклахома одлично влезе во натпреварот и водеше во текот на првото полувреме. Предноста постојано растеше и на пауза се замина со водство 64:48 за Тандер.

Во еден момент имаше и 17 поени предност за гостите, а потоа Далас се разигра во вториот дел. Најпрво во пресрет на последната четвртина ја намалија негативата на 7 поени, а потоа по драмата успеаја целосно да го свртат резултатот за конечно славје.

Remote video URL

Лука Дончиќ повторно одигра фантастична партија за Далас, остварувајќи нов одличен трипл-дабл. Постигна 29 поени и додаде по 10 скока и асистенции.

Голема поддршка имаше кај Кајри Ирвинг и Дерик Џонс кои постигнаа по 22 поена, додека Шеј Гилџс-Александер беше убедливо најдобар кај Оклахома со 36 поени и 8 асистенции. Џејлен Вилиамс за малку не стигна до трипл-дабл потигнувајќи 22 поена, 9 скока и 8 асистенции.

Сега Далас во финалето на Западот го чека подобриот од пресметката меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс. Резултатот е 3-3 во партии, а решавачкиот натпревар меѓу овие ривали се игра ноќта од недела кон понеделник од 2 часот по македонско време. Преносот ќе биде на Arena Premium 1.

реклама

Возачи, внимавајте: AI камери во Грција казнуваат празни совозачки седишта

Read more

Нови пораки откриени на судењето на родителите на Коста К.: Присутните во судницата шокирани од нивната содржина

Read more

Пилешки џигер според грчки рецепт

Read more

Алиу: За туѓа нега, пациентите нема да мораат на прегледи на 6 месеци или година

Read more

Фудбал

Најголемите промашувања на секое Светско досега

Read more

Како Гвардиол ќе се вклопи во сложувалката на Мурињо за Реал?

Read more

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона и во втората лига

Read more

Законот на Винисиус стапува на сила денеска: Кој ќе се „квалификува“ за црвен картон на Светското?

Read more

Спорт

  • play_arrow

Најголемите промашувања на секое Светско досега

Читај повеќе

Како Гвардиол ќе се вклопи во сложувалката на Мурињо за Реал?

Читај повеќе

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона и во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Законот на Винисиус стапува на сила денеска: Кој ќе се „квалификува“ за црвен картон на Светското?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сензација во Орегон: Соборен светскиот рекорд на 110 метри со пречки

Читај повеќе
  • filter

Вечерва почнува Мундијалот 2026: Светот ќе го гледа најголемиот фудбалски спектакл на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаити во последен момент мораше да ги менува дресовите поради приказ на битка

Читај повеќе

Предлог за еден мотоцикл на тренинг го потресе Мото ГП караванот, возачите се во шок

Читај повеќе
  • play_arrow

Никс со чудесен пресврт надокнадија -29 против Спарс и дојдоа на чекор од титулата

Читај повеќе