НБА 2024/2025

Далас го победи Феникс, се испотепаа Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Далас Маверикс и без повредениот Лука Дончиќ го победија Феникс Санс во Аризона со 98:89, а натпреварот го одбележа тепачка во која учествуваа двајца кошаркари.

Имено, Босанецот Јусуф Нуркиќ и кошаркарот на Далас, Наџи Маршал, си влегоа в лице и потоа босанскиот центар го удри в глава својот ривал.

Маршал веднаш му одговори со удар во главата, по што настана општа гужва на теренот. Во тепачката влезе и крилниот центар на Далас, ПиЏеј Вошингтон, па Нуркиќ заврши на паркетот.

Тогаш влетаа сите играчи и двете клупи, а на крајот судиите мораа да ги раздвојат тепачите.

Епилогот беше 3 исклучувања, па играта автоматски беше завршена за Нуркиќ и дуото од Далас. На крајот на краиштата, Нуркиќ сигурно ќе биде суспендиран и казнет.

Најдобар кај Далас беше Кајри Ирвинг со 20 поени, додека Дениел Гафорд додаде 16, а Спенсер Динвиди и Максимилиан Клебер по 15.

Кај домашниот тим единствен расположен беше Кевин Дурент со 35 поени. Нуркиќ на паркетот мина 13 минути пред да биде исклучен, во кои постигна 3 поени и имаше 5 скока 2 две асистенции.

Инаку, Далас водеше од почетокот на натпреварот, а Феникс само во третата четвртина покажа заби. Сепак, тоа не беше доволно да се загрози победата на гостите, кои се четврти во поредокот на Западната конференција со 20 победи и 11 порази. Феникс е на 11-то место со скор 15-15.

Табела:

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Кошарка

Сите за еден, еден за сите не важи во Бруклин: Не е чудо што се најлош тим во лигата

Read more

Неверојатниот Дончиќ се изедначи со легендата Вилт Чембрлејн

Read more

Влезот на Леброн во Куќата на славните загрозен од НБА скандалот?

Read more

Јокиќ не го исклучува МВП режимот: Четврти трипл-дабл во четвртиот меч сезонава

Read more
 

Спорт

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе