Дали адитивите за гориво навистина помагаат?

Адитиви се додаваат на горивата за да се подобрат нивните својства. Тие придонесуваат за потивко работење на моторот и помала потрошувачка и ги штитат виталните делови на моторот. Но, дали треба да се користат на своја рака?

Многу е важно да ги знаеме сите начини да го одржуваме автомобилот здрав и исправен, а истовремено да ги сведеме на минимум потрошувачката на гориво и трошоците за одржување.

Горивото е една од поважните ставки. Горива со повисок квалитет, како што се оние со ознака Class Plus, веќе содржат адитиви, па ако секогаш ставате горива со повисок квалитет, веројатно не ви е потребна дополнителна помош. Ако се сомневате дека моторот не работи правилно поради наслаги на вентилите, можете да ги отстраните со адитиви (ако наслагите не се премногу големи). Тоа е секако поедноставно и поевтино решение отколку расклопување и чистење на делови од моторот, но треба да се консултирате и со сервисер.

Адитиви се додаваат на дизел горивата кога знаеме дека пристигнуваат екстремно ниски температури за да се избегне формирање на восочни чепови кои можат да ги запушат доводните канали и да ја блокираат работата на моторот. Така, ако фатат сериозни температури под нулата, нема да се нервирате ако со време набавите адитиви.

Постојат различни видови на адитиви кои имаат различни ефекти - го намалуваат формирањето на наслаги на инјекторите и вентилите, антиоксидансите гарантираат стабилност на физичко-хемиските својства на горивата, делуваат против формирање на набој, корозија, го намалуваат триењето… Најчести се оние што ги отстрануваат нечистотиите и наслагите во системот за гориво. Експертите се согласуваат дека нивната употреба може да доведе до подобрување на перформансите на возилото.

Ако не го возите автомобилот на автопат многу често, туку повеќе возите  пократки растојанија, моторот не може да се загрее доволно за да се исчисти, па адитивза чистење на инјекторот може да ви биде од корист. Овој посебен вид адитив ги отстранува наслагите од млазниците што ја зголемуваат потрошувачката на гориво.

Сепак, треба да се биде скептичен во однос на адитивите кои ветуваат заштеда на гориво до 20 проценти. Тие се дефинитивно најпопуларните, но нивните придобивки сепак се поскромни отколку што очекува клиентот.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе