Технологијата со автопилот се тестира на патиштата и полигоните ширум светот веќе подолго време.
Автомобилите со автопилот еден ден ќе бидат наша реалност, но не за толку брзо време како што мислиме. Ова мислење го дели и шефот на компанијата ZF, Волф-Хенинг Шајдер, кој верува дека треба да поминат најмалку десетина години пред овие автомобили да загосподарат со патиштата. Шајдер ова го тврди на основа на искуството кое неговата компанија до сега го стекна на полето на развој на технологија за автомобили со автопилот.
„Малку сум скептичен за некои најави кои се појавија во јавноста- дека овие автомобили ќе се појават на патиштата за неколку години. Од наша гледна точка, ќе биде потребно да поминат барем уште неколку години пред да се случи тоа“, вели Шајдер.
„Чекор по чекор технологијата ќе еволуира во систем на потполно автономно возење во урбаните населби, но не пред 2030 година“, изјави тој.
„Потребно е време за да се имплементира технологијата на автопилот во секојдневното возење. Можеби ќе има позитивен ефект за луѓето кои ќе се навикнат на овој новитет и ќе се случуваат пријатно при возењето“.
Но, според неговите зборови, луѓето се скептични за ваквиот вид на управување со автомобилот.