Бидејќи сѐ повеќе и повеќе се работи во веб-прелистувачот, ограничувањето на количината на RAM меморија што ја користи Chrome е врвен приоритет за Google.
Според Windows Latest, гигантот за пребарување посветено работел на поддршката PartitionAlloc-everywhere за својот прелистувач, за да го подобри начинот на кој работи на Windows 10, Android, Linux и на други платформи.
Штом PartitionAlloc-everywhere се спои во изворниот код на Chrome, тоа ќе му овозможи на прелистувачот побрзо да стартува, побрзо да ги вчитува внатрешните страници и да понуди подобрено управување со ресурсите, што значи дека ќе користи помалку RAM меморија, пишува Techradar.
Google прв почна да работи на додавање поддршка за PartitionAlloc Chrome минатата година, и сега е достапен на корисниците во бета-каналот на прелистувачот за Android и Windows.
Компанијата ја овозможи оваа функција и на Linux, но се покажа дека е многу потешка за спроведување. Според Chromium bug, инженер на Google обезбедил дополнителни детали за напредокот на компанијата со PartitionAlloc на Windows, Android и Linux. Google, исто така, спроведе друг експеримент насочен кон намалување на употребата на меморијата во Chrome, во кој комбинираше regular и aligned партиции на прелистувачот, за да утврди дали тоа може да доведе до подобрување на перформансите.
Покрај верзиите на својот компјутерски прелистувач, компанијата во моментов ја тестира PartitionAlloc-everywhere за Android. Досега, овие тестови резултираа во подобрена меморија, перформанси и стабилност при користење на Chrome на мобилен уред. Корисниците на бета-каналите на Android и Windows сега можат да го тестираат PartitionAlloc за да уверат дали функцијата помага во намалување на RAM меморијата што ја користи прелистувачот.