Дали бебињата плачат во утробата на мајката?

Сигурно сте сретнале трудници кои весело ви раскажуваат како бебето почнало да им клоца во стомакот, но дали некогаш сте се запрашале дали бебињата почнуваат да плачат додека сѐ уште се во утробата.

Видео објавено во 2005 година покажува фетус во 33-та недела со изрази на лицето кои јасно се гледаат на ултразвук и изгледаат како бебето да плаче.

Откако истражувачите го стимулирале фетусот со бучава и вибрации, го виделе како ја отвора вилицата, ја повлекува брадата и издишува три големи издишувања по ред додека истовремено ги крева градите и ја навалува главата назад, што завршува со тресење на брадата.

З начи, дали бебињата плачат во утробата? Надја Рајсланд, психолог од Универзитетот Дурам во Обединетото Кралство, вели дека зависи од тоа како го дефинирате плачењето.

„Ако вашата дефиниција за плачење е силен, неартикулиран плач или крик што изразува силно чувство или емоции, тогаш бебињата не плачат во утробата“.

Тим на истражувачи предводени од Надја Рајсланд откриле, гледајќи ги сликите од ултразвук, дека фетусот вежба движења на лицето кои се исти кога плаче додека  ѐ уште е во утробата. На тој начин се подготвуваат за раѓање и ослободување на функционалниот врисок карактеристичен за првиот здив на бебето надвор од мајчината утроба.

Меѓутоа, дали гласните жици вибрираат и дали бебињата се обидуваат да произведат звук додека сѐ уште се во утробата, невозможно е да се знае.

Целта на истражувањето спроведено од Рајсланд е да развие корисна алатка која би овозможила идентификација на развојни нарушувања и други здравствени состојби.

реклама

Секс во бременост: Дали е безбеден за бебето и кои пози и се најудобни на жената?

Read more

Ситуации и места каде што е најлесно да се заразите со омикрон

Read more

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Read more

IQ мапа: Кој е поглуп, а кој попаметен од Македонците во Европа?

Read more

Здравје

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Read more

Пет витамини и минерали важни во текот на зимските месеци

Read more

Пијалоци од кои треба да се откажете за да избегнете висок холестерол

Read more

Ситуации и места каде што е најлесно да се заразите со омикрон

Read more
 

Магазин

Искрен и отворен: Со овој хороскопски знак секогаш знаете на што сте

Читај повеќе

Село во кое може да живеете само ако сте оперирале слепо црево

Читај повеќе

Истражување покажа: Мажите со маска на лицето делуваат попривлечно

Читај повеќе

10 цитати за животот од Харуки Мураками

Читај повеќе

Што се случува во телото ако пиете кафе пред утринскиот тренинг?

Читај повеќе

Зеленчук што дебелее: Ако сте на диета, внимателно колку го јадете

Читај повеќе

Во 113 година од животот почина најстариот маж во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зеленчук и пршута во бешамел сос

Читај повеќе

Пет витамини и минерали важни во текот на зимските месеци

Читај повеќе