Идејата да се направи јавниот превоз бесплатен за секого изгледа фантастична. Но дали бесплатен јавен превоз значи дека повеќе ќе се користи?
Во 2013 година, главниот град на Естонија Талин го направи јавниот превоз бесплатен за сите за да се намали сообраќајниот метеж и емисиите од автомобилите. Но, големите последици не се случија. Всушност, жителите помалку користеле јавен превоз, а сообраќајот со автомобили се зголемил. Причината за тоа е што цената на јавниот превоз не е толку важна како што се мисли.
Имено, според психолозите, на корисниците на јавниот превоз многу поважни им се другите работи, како што се безбедноста, навременоста и удобноста. Сето горенаведено го имате со автомобил, така што градовите мора да се погрижат јавниот превоз да го има сето тоа, а јавниот превоз да биде навистина прифатлива замена за автомобилите.
Пример за ова е Џакарта, која создаде голема автобуска мрежа со посебна, физички одвоена сообраќајна лента за автобуси. Покрај тоа, сите автобуси се климатизирани и имаат дел исклучиво за жени од безбедносни причини. Ова резултира со зголемување на бројот на корисници на јавниот превоз од година во година.
Сообраќајот на патиштата е одговорен за 10 отсто од глобалната емисија на штетни гасови, што доведува до два милиони предвремени смртни случаи годишно, пишува Deutsche Welle.