Проѕирните јавни тоалети кои се поставени во Токио се дело на јапонскиот архитект Шигеру Бан.
Сепак, иако се проѕирни, интимата постои и во нив, благодарение на паметните стакла кои се затемнуваат кога некој ќе влезе во тоалетот. Кога вратата ќе се отклучи, стаклото повторно станува проѕирно.
Архитектот вели дека ваквите тоалети имаат две предности: без влегување во тоалетот можете да проверите колку е чист и од далеку да видите дали е слободен за употреба или има некој внатре.
Исто така, кога се поставени во паркови и осветлени навечер, служат за осветлување и декорација.