Дали би купиле „виетнамско BMW“ со 10 години гаранција?

Виетнамскиот VinFast пристигнува во Европа, бара локација за производство во Германија.

Виетнамскиот производител на автомобили VinFast има намера да дојде во Европа, а еден од адутите за успех на Стариот континент ќе биде гаранцијата од 10 години.

Кога се појави практично од никаде во 2018 година и ги претстави седанот и теренецот, тие го нарекоа „виетнамски BMW“, бидејќи и двата модела ја користеа механичката платформа и моторизацијата на баварскиот производител.

Од друга страна, дизајнот на овие возила го потпиша Pininfarina.

Денес VinFast повеќе не е анонимец во автомобилскиот свет, туку амбициозна компанија која сака да започне со производство на возила на европскиот континент - ни помалку, ни повеќе туку во Германија.

На неодамнешниот саем CES во Лас Вегас, виетнамскиот производител не само што претстави вкупно пет нови електрични кросовери, туку и потврди дека интензивно бара производствена локација во Германија, каде што има намера да започне со изградба на возила во 2025 година.

Автомобилската филијала на виетнамската VinGroup веќе имаше голем настап на Саемот за автомобили во Лос Анџелес, каде го претстави новото седиште на компанијата во Северна Америка, како и два целосно нови електрични теренци, VF e35 и VF e36.

Виетнамците некогаш произведуваа скутери за нивниот домашен пазар, а потоа во 2018 година ги лансираа гореспоменатите два модели на автомобили, Lux A 2.0 и Lux ​​SA 2.0 под водство на поранешни менаџери на GM.

Инаку, овој производител на автомобили е основан во 2017 година и планира да го освои светот во следните неколку години со помош на производствени капацитети во Виетнам, САД и Германија.

VinFast на CES потврди дека во иднина ќе се потпира исклучиво на електрични возила. Во Европа, VinFast сака да започне директна онлајн продажба на нови електрични автомобили, а веројатно и електрични скутери.

По купувањето, возилата треба да се испорачаат на адреса на сопственикот, додека техничарите исто така ќе дојдат „пеш“ кај клиентот за сервис и ќе се обидат да го решат секој можен проблем на лице место.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Авто новости

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Read more

Дали смее моторот да работи додека полните гориво?

Read more

Бензинците сè попопуларни во Германија

Read more

Постигнат е договор за дизел и бензински возила во ЕУ

Read more
 

Автомобили

  • filter

Легендарниот Mercedes 230 SL денеска слави 60-ти роденден

Читај повеќе

Дали смее моторот да работи додека полните гориво?

Читај повеќе

Бензинците сè попопуларни во Германија

Читај повеќе

Постигнат е договор за дизел и бензински возила во ЕУ

Читај повеќе

Volkswagen потврди: Доаѓа новиот Passat

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Од Скопје до Рим со едно полнење на батеријата

Читај повеќе

Ferrari: Хакирани сме, но нема да платиме откуп

Читај повеќе
  • filter

Одредени финалистите на Националниот избор за Автомобил на годината во Македонија

Читај повеќе

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000 година ќе се продава на аукција

Читај повеќе