Дали би купиле „воздушно перниче“ за вашиот смартфон?

Исто како и патниците во автомобилот, вашиот телефон треба да остане заштитен и безбеден. Па тогаш зошто немате воздушно перниче, слично на она кое се наоѓа во вашиот автомобил? Еден амбициозен студент успеа да креира заштита за смартфони која работи на истиот принцип како воздушните перничиња.

Филип Френзел е студент по инжинерство и тој го дизајнираше овој пронајдок најмногу инспирирајќи се од неговите лични потреби, бидејќи знае дека заштитата на смартфоните е многу важна. Неговиот дизајн неодамна се појави на Reddit.

Дизајнот на Френзел започнува со тенка заштитна маска, опремена со сензори кои детектираат кога телефонот е во слободен пад. Кога телефонот ќе „полета“, металните пружини ги отвораат заштитните рамки кои го ублажуваат падот. Потоа, можете да ги затворите рамките назад во „оклопот“ и да ги употребите кога повторно ќе се случи пад на телефонот.

Овој пронајдок му ја донесе на Френзел Наградата за мехатроника на Германија за 2018 година, а студентот има план во наредниот месец да го претстави проектот на Kickstarter за да собере пари за сериски да го произведува. Вреди да се напомене дека Amazon има обезбедено патент за сличен дизајн уште во 2012 година.

Накратко, Френзел го нарекува овој изум AD Case, што е скратено за „active damping case“ или во превод „активна маска за ублажување на удари“.

Ако сакате да дознаете повеќе за проектот или пак за Филип Френзел, кликнете тука.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе