Дали би летувале во двокатен автобус?
Англичанецот Ричард Бартон успеа да претвори двокатен автобус што се користел во јавниот превоз во Англија во 20-тите, во удобна пространа викендичка.
Вложил 2.000 фунти да ја купи и со помош на сопругата и ќерките ја трансформирал во прекрасен простор за одмор. Првично планирал да ја користи како викендичка со семејството, но подоцна решил да ја изнајмува на Airbnb. Автобусот имал 74 седишта од кои 61-годишниот Ричард задржал само едно на горниот кат, а успеал да смести и голем брачен кревет.
Автобус-викендичката Wild Atlantic Bus по трансформацијата вредна 31.000 фунти сега има дрвен под, тоалет, туш, три спални соби, кујна, дневна соба, печка на дрва, надворешна туш-кабина, огниште и градина.
Дали вие би летувале овде?