30.октомври 2018
Дали би пловеле во чамец од џиновска тиква?
Том Пирси од Јорк, Англија, тврди дека го поставил новиот светски рекорд за успешно пловење во најголемиот чамец од тиква направен досега. Тој се спушти по течението на рекаа Уз во Јорк во издлабена џиновска тиква тешка 619 килограми.
Досега нема регистриран рекорд за најголем чамец од тиква, но Пирси поднесе барање за усвојување на неговиот подвиг како рекордерски. Чамецот од тиква ќе биде изложен во забавниот парк Јорк Мејз што е во сопственост на Пирси.
Дали вие би се осмелиле да влезете во овој необичен чамец?
-->
Коментирај