Дали би преживеале во лудиот свет на „Mad Max“?
Во новата епизода од серијалот „Дали можете да ги преживеете филмовите“, екипата на YouTube каналот VSauce 3 се обидува да открие дали светот на акционата франшиза „Mad Max“ е смртоносен како што изгледа.
Нуклеарната апокалипса остава ограничени опции за живот во овој свет, а недостатокот од вода, преголемата жештина и полудените луѓе кои живеат во пустината дополнително ја намалуваат шансата за преживување.
„Mad Max“ е акциона франшиза која за првпат се појави во киносалите во 1979 година, а последното продолжение кое излезе во 2015 година беше вистински хит кај публиката, која го прогласи за најдобар акционен филм на 21 век.