Дали би се откажале од Facebook за 50 долари месечно?

Некои од најкорисните работи на интернет се бесплатни. Facebook, Wikipedia, Google Maps, Gmail, Google Search… сите овие услуги се бесплатни. Ако ги занемариме рекламите, бесплатни се и Spotify и YouTube. Сепак, секој од овие сервиси вреди нешто. Повеќето корисници најверојатно би се согласиле да плаќаат одреден износ за нивно користење, но прашањето е колку?

За да дојдат до тој одговор, група еконимисти од Универзитетот МИТ во Гронинген направија истражување за да одредат колку им вреди на луѓето откажувањето од некои од овие сервиси.

За да ја одредат просечната вредност на претплатата, истражувачите направија експеримент во кој ги прашаа испитаниците дали повеќе би сакале да имаат пристап до одредени сервиси или дали би примиле пари ако се подготвени да се откажат од нив.

На пример, во случајот со Facebook, ги прашале испитаниците дали повеќе би сакале да добијат пари и да се возржат од користење на социјалната мрежа на еден месец. Сумата што им била понудена варирала од 1 до 1.000 долари. Со цел испитаниците да одговорат што е можно поискрено, истражувачите им рекле дека еден од 200 испитаници навистина ќе добие пари ако се откаже од социјалната мрежа на еден месец.

Уште во 2016 година било спроведено истражување на повеќе од 1.500 луѓе и резултатите покажале дека половина од испитаниците би зеле 50 долари месечно во замена за откажување од Facebook. Научниците се согласиле дека тоа не е доволен примерок за истражување од ваков вид, но тогаш дошле до заклучок дека корисниците би се откажале од социјалната мрежа за 30 до 70 долари месечно. Истиот експеримент го спроведоа и во 2017 година и тогаш просечната сума изнесувала 40 долари.

Користејќи ја истата методологија, истражувачите заклучиле дека очекувањата на корисниците се зголемиле и дека просечниот корисник на мејл би побарал 8.400 долари за да се откаже од него на една година, за дигиталните мапи 3.600 долари, а за Amazon 840 долари.

Главната поента на истражувањата е да се утврди вредноста на услугите, сервисите и производите кои инаку ги добиваме бесплатно. Истражувачите велат дека ако ние како корисници не ја воочиме вредноста на овие производи, нема да има економски напредок.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе