Автомобилите се нудат на лизинг на 48 месеци.
Синџирот супермаркети Lidl неодамна соопшти дека ќе продава и автомобили во своите продажни места во Германија. Како и обично, цените се дисконтни.
Lidl во 2016 година во рекорден рок го распродаде FIAT 500. Сега се обидува да експериментира со три модели, но само во Германија. Овие автомобили се нудат на лизинг на 48 месеци.
За оваа комерцијална операција, Lidl соработуваше со компанијата за изнајмување автомобили Sixt. Во понудата има три модели.
Првиот е Renault Twingo (со пакетот опрема Life) кој се продава за само 99 € месечно. Вториот е Renault Clio 5 (Life) кој се нуди по цена од 109 евра месечно додека третиот кросовер Kia Stonic е достапен по цена од 135 евра месечно.
Иако првите два модели на Renault се помалку опремени, Kia Stonic нуди пакет Vision кој вклучува 17-инчни алуминиумски фелни, функции Apple CarPlay и Android Auto и слично.
Покрај тоа, Lidl нуди услуги како што се испорака на возилото, договор за одржување од 20,80 € месечно, па дури и осигурување.
Може да се претпостави дека оваа понуда подоцна ќе биде проширена и на другите европски земји во кои Lidl има маркети.
Lidl не е единствениот трговски ланец што реши да им понуди автомобили на клиентите. Некои други прават слични работи, како што е француски Е. Leclerc, кој изнајмува автомобили. Во периодот март-април 2021 година, оваа компанија ќе ја понуди услугата за изнајмување на електричниот модел Dacia Spring по цена од 5 евра на ден. Други модели во нивниот каталог се Renault Twingo, Renault Clio, FIAT Tipo...