Кога сѐ ви е ново, сѐ ќе слушате, но новите мамички не треба да веруваат во митот „јадете за двајца“. Научниците велат дека неинформираноста доведува до прекумерно зголемување на килограмите токму поради примање совети од секого.
Докторите велат дека бремените жени немаат потреба од дополнителни калории во првите шест месеци од бременоста и само 200 калории плус во седмиот, осмиот и деветиот месец.
Повеќе од 61% од трдуниците сметале дека секој ден се потребни дополнителни 300 калории за правилен развој на плодот уште во раната бременост, а докторите дополнуваат дека тоа може да биде штетно за развојот на бебето.