Тренерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека напаѓачите на лондонскиот клуб се суеверни и не сакаат да го земат дресот со број девет бидејќи веруваат дека е проколнат, пишува The Telegraph.

Да потсетиме, со враќањето на Ромелу Лукаку по разочарувачката сезона на позајмица во Интер,„деветката“ остана слободна.
Англиските медиуми пренесуваат дека Лукаку им се придружува на Фернандо Торес, Алваро Мората, Ернан Креспо, Гонзало Игуаин и Радамел Фалкао, напаѓачи кои не успеаја да го оправдаат статусот и големите суми што ги платија за нив.

„Проколната е, луѓе кажуваат дека е проколната“, рече Тухел.
Иако Челси е во потрага по напаѓач, а се споменува и Пјер-Емерик Обамејанг од Барселона, Тухел истакна дека бројот девет го нема „од тактички причини“, односно треба да биде преземен од нов шпиц.
„Немаше голем интерес за бројот девет. Никој не сака да го допре. Сите кои беа во клубот подолго од мене велат: ‘Ах, знаете, ја имаше деветката и не постигна гол’“, изјави Германски експерт.
Абрахам постигна 21 гол со „деветката“
The Telegraph потсетува на Дидие Дрогба и Диего Коста кои ги носеа броевите 11 и 19 и имаа добри сезони во Лондон. Теми Абрахам, пак, пред две години постигна 21 гол со деветката на грб, но минатото лето беше продаден на Рома.
„И јас сум суеверен, разбирам зошто играчите не ја земаат таа бројка“, додаде Тухел и се осврна на Рахим Стерлинг кој дојде од Манчестер Сити: „Рахим многу ќе ни помогне, треба да имаме повеќе играчи во шеснаесетникот.“
Челси денеска ќе му гостува на Евертон во првото коло од Премиер лигата.