Дали е потребно да носиме заштитни маски на отворено?

Веќе се навикнавме да се гледаме со заштитни маски на лицата додека се разминуваме по улица или во парк, но што вели науката за ова? Дали е тоа навистина потребно?

Научниците веќе научија повеќе за вирусот SARS-CoV-2 од почетокот на пандемијата, така денес знаат дека површините не се толку важен фактор во ширење на болеста и дека претераната дезинфекција е непотребно губење време и трошење ресурси.

Знаеме дека вирусот примарно се шири преку аеросоли, ситни честички кои некое време остануваат во воздухот, спротивно од големите капки испратени со кивање и кашлање кои брзо паѓаат на земјата.  Тоа значи дека престојувањето надвор е многу побезбедно отколку во затворени простории, вели Хозе Луис Хименес, водечки експерт за аеросоли на Универзитетот во Колорадо.

„Во затворените простории е многу поопасно да престојувате бидејќи ѕидовите го заробуваат воздухот, особено ако вентилацијата е слаба“, изјави тој за AFP.

Затоа се потребни маските во затворени простории.

„Надвор е спротивно, ризикот е низок бидејќи има многу струење во воздухот и издишаниот воздух брзо се издига, особено ако е потопло“, објасни тој.

Сепак, напомнува дека постои ризик, баш како што и на отворено може да вдишете малку чад ако сте во близина на пушач, постои можност да го вдишите и вирусот ако сте предолго преблиску до негов носител.

Какви се шансите за зараза?

Неколку студии има на оваа тема. Кинески научници минатиот октомври во Indoor Air објавија анализа од 7.324 случаи во кои сигурно се знае каде пациентите се заразиле. Имале податок за само едно документирано ширење на вирусот на отворено, во село во покраината Хенан, каде 27-годишник се заразил во разговор со заразен.

Irish Times неодамна објави информација според која се пријавени 262 трансмисии на отворено од 232.164 случаи на заразени.

Доналд Милтон, професор на Универзитетот во Мериленд советува луѓето и на отворено да ги избегнуваат гужвите, особено ако во активностите има вклучено викање и ако нема струење на воздухот.

Но, тој мисли дека маската не треба да се носи цело време.

„Ако трчам и околу мене нема никој, не носам маска. Но, ако застанам да поразговарам со некого, ја ставам“, вели тој.

реклама

Здравје

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more
 

Магазин

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе