Дали е поздраво да се јаде кајгана, варено или јајце на око?

А.С.
/ 04.04.2021 / 11:48

Јајцата се чест избор на храна за појадок за многу луѓе.

Некои од нас ги јадат секогаш приготвени на ист начин, додека други сакаат да комбинираат и експериментираат со нови начини на подготовка.

Полнети, тврдо варени, на око, кајгана, омлет... Навистина има многу варијации во подготовката на оваа храна, но дали некогаш сте се прашале кој од овие начини е „најздрав“?

Експертите тврдат дека начинот на подготвување на јајцата може да влијае и на нивната хранлива вредност.

Ако сакате варијанта со пржење, внимателно со изборот на маснотија. Користете ги оние масла и маснотии кои се стабилни на повисоки температури. Можете да ги пржите јајцата и во маслиново и кокосово масло, но и на путер или домашна свинска маст.

Кога станува збор за јајцата, многумина ќе го споменат холестеролот како изговор да не јадат јајца почесто, но она што треба да го знаеме е фактот дека ќе има губење на хранливи материи и зголемување на количината на оксидиран холестерол доколку претерате со варење или ги пржите јајцата.

Ако сте на диета или се обидувате да изгубите тежина, најдобра опција за вас е да ги сварите јајцата. Додадете ги во салати или комбинирајте ги со зеленчук. Ако сепак сакате да ги подготвувате како омлет или кајгана, секогаш комбинирајте ги со свеж или варен зеленчук.

Зошто е добро да јадете јајца?

Јајцата се вистинска суперхрана со многубројни позитивни ефекти за нашиот организам. Но дали смееме да ги јадеме често?

Кога станува збор за нивната хранлива вредност, јајцата се една од најдобрите намирници кои може да ги внесеме во нашиот организам.

Едно јајце содржи само 75 калории, 5 гр. масти и 6 гр. заситени масти, железо, витамини, минерали.

Какви позитивни ефекти имаат јајцата за нашиот организам?

Го зајакнуваат имунитетот

Јајцата се полни со витамини и минерали, а според Medical News Today, тие се одлична храна за градење имунитет.

Имено, откриено е дека витамините А и Б12 ги поттикнуваат функциите на имунитетот, а овие витамини се наоѓаат во јајцето. Освен тоа, жолчката е одличен извор на витамин Д.

Кога најмногу ви е потребна енергија, јајцата се најлесната и најбрзата храна која може да ја подготвиме.

Подобро функционирање на мозокот

Витамините коишто се содржат во јајцата не се важни само за зајакнување на имунолошкиот систем, туку се важни и за здравјето на мозокот.

Јајцата не го зголемуваат ризикот од срцев удар

Не е точно дека јајцата се извор на лош холестерол. Иако е точно дека едно јајце во просек содржи 1,5 гр. заситени масти, истражувањата покажаа дека умерено јадење јајца не го зголемува ризикот од срцеви заболувања, туку нè штити од нив.

Ги зајакнуваат ноктите и косата

Со јадење јајца, на едноставен начин го зголемувате внесот на биотин. Биотинот игра важна улога во развојот на кератин.

Јајцата освен витамин Б12 содржат и протеини, цинк и железо, а тоа се хранливи материи за здрава коса.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фит

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more

Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе