Дали е сѐ дозволено во љубовта и војната?

Расправиите во врска се неизбежни, па дури и неопходни, како еден вид тест на вашата компатибилност, толеранција и разбирање со партнерот. Но, расправањето не значи дека сите средства ви се на располагање и не треба да заборавате дека за да бидат корисни, расправиите треба да се конструктивни и да се задржи ниво на почит меѓу двете страни.

„Фер расправиите во романтични врски подразбираат дека се расправате, но исто така и многу го почитувате партнерот. Тоа исто така подразбира  дека сте свесни дека има љубов меѓу вас. Сѐ што ги нарушува љубовта и довербата во текот на расправијата е она што ја претвора од нормална и корисна во токсична и деструктивна“, вели Џонатан Бенет, стручњак за врски.

Токму поради тоа не треба да развиете нездрави навики и шеми на расправање, како замолчување, навреди, префрлање на вината и слично.

Ова се најчестите „забранети удари“ во љубовна расправија што треба да ве потсетуваат дека не важи изреката дека сѐ е дозволено во љубовта и војната:

Го напаѓате партнерот за сѐ што некогаш „згрешил“

На сите ни се има случено среде расправија да почнеме да „извлекуваме“ проблеми од минатото, а се потполно неповрзани со она за кое моментално зборуваме. Ако почнете расправија за сѐ што досега не функционирало во врската, не си помагате.

Спомнувањето на моменти од минатото, без разлика како завршиле тие расправии, ја претвораат здравата расправија во токсична бидејќи партнерот ќе се почувствува дека е нападнат на повеќе полиња и ќе почне да реагира дефанзивно.

Го осудувате неговиот карактер

Кога сте вознемирен лесно е да почнете да го „прозивате“ партнерот и да го напаѓате за некои негови карактерни особини. Тие зборови само ќе ја влошат расправијата, освен ако тоа не било предмет на расправијата.

Кога ќе ја почнете расправијата со „ми смета што не го исчисти станот, како што ми вети“, а преминете кон тоа што го обвинувате другиот дека е генерално мрзлив, или нешто полошо, го ставате во позиција на губитник од која е тешко да се одбрани и тоа не е здрава расправија и не е корисна „победа“. Тоа ќе резултира со контранапад, а може и повлекување, но ништо од тие две не го решава вашиот примарен проблем.

Се заканувате

Најчестата закана е неверство во случај кога проблемот е недостатокот на секс, но заканите може да бидат „средство“ за обид за решавање и на многу други проблеми во врската. Заканите само ја дестабилизираат врската и нанесуваат огромна штета на чувството на сигурност кај партнерот.

Ако се заканувате дека повеќе би сакале да раскинете отколку да го решите проблемот, а не сакате да раскинете, тоа исто така ја разнишува довербата и сигурноста во врската. Ако ви дојде таква помисла, прекинете со расправијата и продолжете подоцна или наредниот ден, со „оладена глава“.

Ја преиспитувате љубовта

Многу е важно и во најжестоката расправијада не заборавате дека уште сте двојка и дека уште сте на истата страна – на страната на љубовта. Затоа е многу важно во такви моменти да не го прашувате партнерот дали уште ве сака. Расправијата не ја поништува љубовта на партнерот, а со таквата премиса вие покажувате недостаток на љубов.

Навреди

Личните напади и навреди во никој случај не водат кон продуктивен разговор и решавање на проблемите. Со тоа само се влошува ситуацијата. Треба да искажете што е тоа што ве повредило, но не со лични навреди кон партнерот, туку со објаснување на ситуацијата и што тоа предизвикало кај вас.

Очекувате само другиот да се смени

Многу љубовни расправии се вртат околу тоа кој што прави и како придонесува за врската. Префрлањето на вината и очекувањето само другиот да направи отстапки и компромиси не е патот кон постигнување долгорочно решение. Секој нека го искаже својот став, па најдете се „на пола пат“.

„Секогаш“ и „никогаш“

Иако можеби се чувствувате дека само вие правите некои работи или дека некои обврски паднале само на ваш грб, одбегнувајте да користите изрази како „секогаш“ и „никогаш“ кога кажувате што не е во ред. Со такво претерување само ќе го доведете другиот во дефанзивно расположение и нема да дојдете до решение.

Победа по секоја цена

Расправиите не треба да завршуваат со победник. Победници треба да бидете двајцата, односно вашата врска и иднина. Чувството на моментална победа нема да ви помогне да изградите здрав однос. Другата личност ви е партнер, не непријател.

Молчење

„Тактиката“ на молчење и игнорирање на партнерот кога тој сака да разговара или да решите некој проблем во никој случај не е конструктивна.

Ако немате што да кажете тогаш или ако не сте расположени за долга расправија, кажете го тоа. Подобро отколку да ги игнорирате потребите на другиот.

реклама

Љубов и секс

Сопругата на Роко Зифреди откри како е да се биде во брак со славниот порно актер

Read more

Сексуалноста во древниот Рим

Read more

Навика што ја практикуваат успешните парови, според психолозите

Read more

6 сигурни знаци дека си го губите времето во врска со погрешна личност

Read more
 

Магазин

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Бременост после 40-тата: Што треба да знаете?

Читај повеќе

Како пролетното чистење делува на нашата психа?

Читај повеќе

Има повеќе видови отколку што мислевте: Зошто треба да јадете ротквици?

Читај повеќе
  • filter

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Читај повеќе

Белуга китови, мразокршач и класична музика - необична морска приказна

Читај повеќе
  • play_arrow

Храна што неверојатно го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ќе ја решите Ајнштајновата загатка? Успеале само 2% од луѓето

Читај повеќе