Дали е штетно лаптопот да биде вклучен на полнач цело време?

Дали е подобро лаптопот постојано да биде вклучен на полнач или е подобро да го користите без него? Одговорот не е сосема едноставен.

Во одреден момент, сите луѓе кои користат лаптоп помислиле на истото прашање: дали е лошо постојано да го оставате вашиот лаптоп вклучен на струја. Тоа зависи од повеќе фактори.

Треба да знаете со каква батерија си имате работа

Постојат два главни типа на батерии што се користат во лаптопите: литиум-јонски и литиум-полимерни. Иако се различни технологии, тие работат приближно на ист начин, генерирајќи енергија со движење на електроните. Овој постојан проток е потребен и за се одржува батеријата здрава.

И за двата типа батерии важат следниве тврдења (барем кога зборуваме за современи лаптопи):

  • Батеријата не може да се преполни. Нема опасност од преполнување на батеријата ако ја оставате поврзана на струја цело време. Веднаш штом ќе достигне 100 проценти, ќе престане да се полни и нема да се рестартира сè додека напонот не падне под одредено ниво.
  • Ако целосно ја испразните батеријата, ќе ја оштетите. Ако подолго време ја празните батеријата целоснож, може да ја доведете до состојба на длабоко празнење. Ова може да биде фатално, можеби повеќе нема да можете да ја наполните.

Сепак, овие тврдења не значат дека лаптопот треба да биде вклучен постојано на полнач.

Што може да ја оштети батеријата?

Батериите базирани на литиум сами по себе се нестабилни. Капацитетот почнува да се губи од моментот кога се произведуваат и постојат низа фактори кои го забрзуваат нивното опаѓање.

Тоа вклучува:

Циклуси на полнење и празнење. Секоја батерија има конечен број полнења и празнења.

Ниво на напон. Колку е поголемо нивото на наполнетост, толку е пократок векот на траење на батеријата.

Висока температура, над 30 степени Целзиусови. Ова може да предизвика непоправлива штета.

Последните два фактори се оние што најмногу нè интересираат овде. Обемна студија на Универзитетот Батери истакна дека нивото на напон и високите температури изолирано ќе го скратат животот на батеријата, па дури и повеќе кога се комбинираат.

Високите температури, што се подразбира над 30°C, ќе го скратат траењето на батеријата, без оглед на други фактори. Едноставно, да го оставите лаптопот во автомобил во жежок летен ден е лоша идеја.

Кога конечно комбинирате високи температури со висок напон, ефектите се уште полоши. Студијата покажува дека на батеријата што се одржува на 40% оставена на 40°C ќе ѝ опадне максималниот капацитет на 85% по една година.

Дали лаптопот треба да биде постојано вклучен?

Се чини дека индустријата сè уште не одлучила за еден одговор за тоа дали лаптопот треба да биде постојано вклучен.

Acer препорачува батеријата да се вади од лаптопот кога не се користи, од Asus, пак, тврдат дека батеријата треба да се испразнува до 50% на секои две недели, а Dell дека нема проблем ако го оставите лаптопот вклучен цело време. Од Apple, пак, велат дека нивниот лаптоп не треба да биде вклучен цело време, туку дека треба наизменично да ја користат батеријата и да ја поврзуваат со напојувањето.

Ако го оставате лаптопот вклучен нема да предизвика штета на краток рок, но ако го користите само така, скоро сигурно ќе откриете дека по една година, капацитетот на батеријата е значително намален.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе