Дали е здраво да се прескокнува појадокот?

Прашањето кое секогаш се поставува: Дали појадокот е најважниот оброк во денот? Според некои извори тоа е така, но според некои други, тоа е само мит.

Во модерниот живот, покрај многуте обврски, тешко е да се балансираат оброците, но уште потешко е да се подели времето доволно добро за да стигнете да ги изедете сите три планирани оброци – појадок, ручек и вечера.

Според некои истражувања, оние кои редовно го јадат појадокот имаат помал ризик од срцеви заболувања, но имаат и поздрави навики од луѓето кои го прескокнуваат првиот оброк во денот. Оние пак, кои го прескокнуваат појадокот многу често развиваат навики на пушење, прекумерно пиење на алкохол и грицкање на нокти.

Друго истражување, спроведено од Американскиот Журнал за Клиничка Нутриција објаснува што точно се случува со телото кога ќе се прескокне појадокот. Во денови кога ќе го прескокнете појадокот, вашето тело согорува многу повеќе калории, но не треба да претерувате со избегнувањето на овој оброк бидејќи тоа може да предизвика ослабнување на мускулите и воспаленија.

Исто така, секојдневното конзумирање на појадок го подготвува вашето тело за денот кој е пред вас, но и помага да се намали ризикот од дијабетес. Според истражување спроведено на Универзитетот од Хохенхајм, прескокнувањето на појадокот може да резултира во зголемување на ризикот од Тип 2 дијабетес.

Докторите тврдат дека метаболизмот и крвниот шеќер работат подобро наутро, и затоа има повеќе смисла да внесувате повеќе храна преку ден отколку навечер. Ако веќе сакате да прескокнете еден од оброците, најдобар избор е вечерата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе