Фудбал

Дали Фабињо направи крајно неспортски потег врз Азар?

15. април 2019 - 9:21 | А.С.

Фудбалерите на Луверпул во дербито од 34. коло на Премиер лигата на „Енфилд“ ја победија екипата на Челзи со резултат од 2:0, но еден детаљ на натпреварот ги згрози љубителите на фудбалот, а особено навивачите на „сините“.

Еден од најдобрите играчи на Челзи, Еде Азар, заврши на тревата по дуел со Фабињо во првото полувреме.

Белгискиот играч за врска се пожли на повреда и лекарскиот тим влезе на терен за да му даде медицинска помош.

Тука следи контроверзниот момент: Фабињо се доближува до главата на Азар и го секне носот веднаш до него, што според многу фанови на Челзи, но и љубители на фудбалот, е крајно неспортски, намерен, срамен потег за еден фудбалер.

Навивачите на Челзи веднаш се огласија на социјалните мрежи ипобараа дисциплинската комисија да го разгледа случајот.

Фабињо сезонава одигра 34 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања и постигна еден гол и асистираше за два.

Коментирај