Обожавателите на Nintendo можеби поседуваат некои вредни класици од видеоигри.

Исклучително популарната франшиза произведе повеќе од 200 наслови откако се појави на сцената во 1985 година.
Некои ретки изданија на видеоиграта Super Mario денес би можело да вредат многу повеќе отколку што сте ги платиле некогаш. Треба да се има на ум дека повредни се оние изданија кои сѐ уште се во оригиналните пакувања, особено ако се неотворени.
Британски The Sun објави список од шест видеоигри кои би можело да ви донесат убава сума на пари.
Ако случајно имате комплетна верзија на Super Mario Bros со 5 завртки во кутија, би можеле да добиете до 300 евра за неа.
Super Mario RPG е издаден во 1996 година. Ако имате верзија на Super Mario RPG во добра состојба, би можеле да добиете околу 345 евра за неа.
Mario’s Tennis е објавена во 1995 година за Virtual Boy, преносната конзола на Nintendо. Со оглед на лошите перформанси на системот, некои игри издадени за него станаа прилично ретки, вклучувајќи ја и Mario’s Tennis. Неотворени верзии на Mario’s Tennis би можеле да вредат и до 420 евра.
Mario’s Time Machine беше една од едукативни игри на Nintendо. Постојат многу малку примероци од оваа игра па затоа е прилично барана меѓу колекционерите и затоа за неа можете да добиете околу 480 евра.
Многу популарниот Super Mario World излезе во 1990 година. Меѓутоа, главно се продаваше како пакет со конзолата, што значи дека примероците во поединечни кутии сега се прилично ретки. Ако случајно имате таков примерок, за него денес можете да добиете околу 700 евра.
Една од највредните Mario игри е Mario Kart 8 Limited Edition (за Wii U конзолата) за која можете да добиете нешто малку повеќе од 1000 евра, но само ако го имате она издание во црвена рамка.