Дали гигантот Opel ќе го повтори германското економско чудо?

Иако со децении отсуствува од сцената, неговото име и денес се спомнува со почит.

Kadett пристигна на сцената уште во 1936 година, но вистинскиот процут на компактната класа беше обележано со Kadett A. Тоаа беше во 1962 година, а веќе три години подоцна имаше речиси 650.000 примероци на патиштата - како што доликува на едно германско „економски чудо“.

Во Opel се обидуваат да се сетат на тие славни времиња со шестата генерација на Astra, вешто прикривајќи ја основата на Stellantis. Тие се надеваат дека Astra, компакт достапен во plug-in хибридна и електрична форма и како караван, може да го повтори успехот на својот претходник.

Во исто време, се очекува дека доволно силниот дизајнерски исчекор со маската Vizor и напредните IntelliLux Pixel Light светла со 168 LED диоди ќе биде доволен. Однатре, сепак, тие ги полагаат своите најголеми надежи за успех врз основа на удобноста и дигиталниот кокпит Pure Panel.

Kadett A беше создаден во сосема поинакво време, кога Германија незапирливо напредуваше, а практичните и достапни возила беа барана стока. Opel очекуваше многу од Kadett и дури изгради специјална фабрика во Бохум за тој модел.

Со тежина од само 670 килограми и исклучително едноставна конструкција, Kadett беше прифатлив автомобил по цена од 5.075 германски марки. Каросеријата се состоеше од 12 дела, а одржувањето беше исклучително поедноставено. Сервисот на 10.000 поминати километри беше само 30 марки.

Kadett беше придвижуван од мал еднолитарски мотор со 40 КС кој можеше да достигне 120 км/час. Подоцна дојде верзијата S со 48 КС.

Kadett беше атрактивен и со релативно елегантен дизајн со големи стаклени површини, а понуди и целосна удобност за четворица патници. Имаше и новини, како капачето за полнење гориво однадвор, па багажникот повеќе не мирисаше на бензин.

Приказна сама за себе беше караванот претставен само шест месеци по премиерата на Kadett. Доволно е да се каже дека до средината на 60-тите, речиси секој друг караван во Германија беше Opel.

Да премотаме кон сегашноста, Opel моментално е дел од групацијата Stellantis, каде што доби можност да го задржи компактниот модел преку споделување на технологијата со концернот PSA. Astra е тука, како што рековме, во комбинација од неколку погони и две каросерии. Сега останува само да ја видиме реакцијата на пазарот.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе