МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА УДАР ВО ПАНДЕМИЈАТА

Дали го препознаваме синдромот на согорување од работа?

Иако многумина мислат дека согореле од работа за време на пандемијата, има јасни критериуми што го мерат тоа.

Пандемијата на коронавирус донесе многу луѓе до самиот раб. Иако сме изморени и истоштени, некои експерти велат дека всушност не сме „согореле“ онолку колку што можеби си мислиме.

Ако работите најмалку една работа или сте фриленсер, тоа често може да значи долго работно време и обид за истовремено жонглирање со различни работни места и одговорности. Неколку пати годишно можеби ви се чини дека удирате во ѕид  - ви снемуваат идеи и само сакате да дремнете. Многумина тоа би го нарекле согорување, но не е тоа.

Синдромот на согорување (Burnout Syndrome) го сметаме за нешто недопирливо, една од оние работи што не можеме да ги дефинираме и едноставно „знаеме“ кога ги чувствуваме. Можно е во даден момент да го чувствувате повеќе од кога било.

Во оваа фаза на пандемијата, по повеќе од една година поминати обидувајќи се да се справиме со разни предизвици, општото чувство е дека сите удираме во ѕид. Но, постои научна дефиниција за согорување и стандардите според кои се мери.

И врз основа на тие критериуми, многу луѓе кои мислат дека согореле, всушност не им се случило тоа. Ова сепак не значи дека не сме на пат да согориме и разбирањето како навистина да се измери согорувањето може да им помогне на поединците и организациите да го сменат курсот пред да биде предоцна.

Што е согорување, а што не?

„Синдромот на согорување на работното место означува прогресивно губење на идеализмот, енергијата и осмисленоста на сопствената работа, како последица на фрустрација и стрес на работното место. Согорувањето на работа е слично како и хроничниот замор, но притоа се менува и ставот кон работата, што не е карактеристично за заморот“, пишува Теодора Цветковска во прилогот „Синдром на согорување – модерна болест на медиумските работници“.

Во 1981 година, Кристина Маслах, професорка по психологија на Универзитетот Беркли во Калифорнија, го разви Инвентарот за согорување на Маслах (MBI) за да ја дефинира и измери оваа состојба.

„Предизвикот е луѓето да го користат овој термин за да претстават различни работи“, вели Маслах.

„Тоа е незаборавен поим, па луѓето го применуваат на различни работи. Па, дали сите зборуваме на ист јазик?"

MBI се обидува да ги разјасни работите со проценка на исцрпеноста врз основа на три критериуми: исцрпеност или целосен недостаток на енергија, чувство на цинизам или негативност кон работата и намалена ефикасност или успех во работата.

Испитаниците континуирано добиваат оценки во сите три области, од попозитивни кон понегативни.

Профилот на согорување бара негативен резултат кај сите три.

„Постои тенденција да се мисли дека ако сте оценети негативно според еден критериум, сте согореле“, вели Маслах, но тоа е неправилна употреба на MBI.

Најголемата заблуда за согорувањето е дека тоа е исто што и исцрпеност, додава Мајкл Лејтер, организациски психолог и коавтор, заедно со Маслaх, на книгата „Вистината за согорувањето“.

„Луѓето го користат согорувањето како синоним за замор и ја промашуваат поентата дека има голем спектар на разлики помеѓу двете состојби“, вели Лајтер.

Тој дава пример на акушери кои често прават хаотични распореди.

„Мајките раѓаат бебиња во секое време од ноќта и се целосно исцрпени, но тие носат нов живот на светот и ги подобруваат животите на луѓето и се грижат за таа работа. Претерано е и исцрпувачко, но не е согорување“, вели тој.

Постојат многу други кои исполнуваат еден од критериумите на MBI.

„Втората по големина група, по луѓето кои се само исцрпени, се луѓе кои не се целосно ангажирани“, вели Лајтер.

„Тие само одат на работа и тоа не им е возбудливо, само работат за да ги платат сметките. Има друга група која е само цинична. Ним не им е гајле ни за клиентите, ни за работата.“

Сепак, вторите може да имаат мала ефикасност, со кариера што не напредува од една или друга причина.

Иако дефинитивно сте доживеале исцрпеност, па дури и некаква форма на отсутност, ако сепак го сакате тоа што го работите и не сте станале цинични во однос на работата, не сте согореле.

Но, кај некои луѓе може да се забележи дека ги исполнуваат сите три услови. Потребни се сите три фактори - исцрпеност, цинизам и недостаток на ефикасност - за да се добие она што е научно дефинирано како согорување.

Повеќето од нас не се стигнати дотаму.

„Не е епидемија, но таа дијагноза се поставува премногу често“, вели Лајтер.

Но, тоа не значи дека нема проблеми или дека разговорите за согорувањето не се почести без причина.

„Квалитетот на согорувањето е во пораст“, ​​признава Лајтер. „Јасно е дека сѐ повеќе и повеќе луѓе одат во таа насока.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе