Дали Грција и Турција се на работ на војна?

Односите меѓу Грција и Турција се на ниво од времето на Отоманската империја – двете земји се на раб на ескалирање на тензиите, оценува весникот „The Christian Science Monitor“.

Додека сите очи се вперени во Иран и Северна Кореја, двете соседни земји полека се лизгаат кон опасна територија во која и најмало погрешно толкување би можело да ги доведе Грција и Турција до сериозен конфликт, а не е исклучена и вооружена пресметка, вели авторот на текстот, Ник Скваерс.

Тој потсетува дека тензиите меѓу двете земји постојано растат во областа на Егејското Море, а тензиите дополнително се зголемиле откако Турција одби да ослободи двајца грчки стражари заробени долж границата, поради премин на турска територија. Грција тврди дека војниците се изгубиле во снежно невреме и дека сосема случајно влегле на територијата на Турција, а Турција смета дека станува збор за шпиуни.

Исто така, причина за напнатост се и постојаните воени вежби на копно и на море, на самата граница со Турција, како и најавата од Грција дека ќе испрати уште 7.000 војници на границата со Турција.

Двете земји се „препукуваат“ и на небо. Минатиот месец и грчки и турски авиони за малку ќе влезеа во соседскиот воздушен простор, поради што имаше предупредувачки стрелби од двете страни.

Провокациите на островите во Егејското Море не може ни да се добројат, пишува Скваерс.

Сега се поставува прашањето колку се влошени работите. Според „The Christian Science Monitor“, многу се лоши и весникот нагласува дека ниту едно спорно прашање меѓу двете земји од 1996 година наваму не е решено, вклучувајќи го и Кипар.

Судејќи по сѐ, ни актуелните власти нема да ги решат споровите. На пример, во Грција министер за одбрана е десничар кој за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вели дека е „лудак“, а властите во Анкара се националистички настроени. Со оглед на тоа дека во Турција се ближат избори, ситуацијата е сѐ позапаллива.

Грчкиот министер за надворешни работи веќе предупреди дека “Турција се доближува до црвената линија“, потсетува весникот.

Аналитичарите на „The Christian Science Monitor“ додаваат дека целокупниот однос меѓу Турција и Грција станал толку напнат што и најмало недоразбирање, погрешна проценка или потег множе да доведат до вооружен конфликт.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе