Откако Platformer ги интервјуираше вработените во Twitter за да утврди зошто fidot For You се претвори во „шоуто на Илон Мск“, оттаму велат дека инженерите на компанијата навистина направиле систем што го користел само директорот на социјалната мрежа.

Во извештајот се наведува дека Џејмс Маск, роднина на Илон и вработен во Twitter, во понеделникот им испратил итна порака на вработените преку платформата Slack.
„Го отстрануваме проблемот со engagement на платформата“, напишал тој за ситуацијата што ја нарекол „итна“.
Исто така, ги замолил сите што знаат да пишуваат код да помогнат. Причината за сето ова е бидејќи твитот на американскиот претседател Џо Бајден, кој навиваше за Филаделфија Иглс на Супербоулот, имаше поголем engagement од твитот на Маск.
Наводно, твитот на претседателот привлече 29 милиони импресии, а на Маск „само“ 9,1 милиони пред да го избрише. Проблемот на Маск со популароста на Twitter почна уште пред Супербоулот.
Platformer претходно објави дека директорот на Twitter претходно објавил еден од двајцата преостанати главни инженери затоа што сугерирал дека твитовите на Маск повеќе немаат толку многу импресии затоа што луѓето веќе не се заинтересирани за она што го кажува.
Околу 80 вработени во Twitter, наводно, добиле задача да ги испитаат причините зошто опаѓа engagement-тот на твитовите на Маск и ја зедоа предвид можноста дека многу луѓе го блокирале или го ставиле Маск на mute во изминатите месеци. Тие, исто така, разгледаа легитимни потенцијални технички проблеми затоа што корисниците чиишто твитови инаку имаат добри перформанси треба автоматски да се промовираат.
Инженерскиот тим дизајнираше систем што подразбира спроведување на вештачко промовирање на твитовите на Маск за фактор од 1.000, и на тој начин гарантира дека се рангираат повисоко од сите други во feed-от на корисниците. Како резултат, повеќе од 90 проценти од 128,9 милиони следбеници на Маск ги видоа неговите твитови, а дури и оние што не го следат продолжија да ги гледаат неговите објави на нивните тајмлајни.
Иако Маск не зборуваше детално за овој проблем, сепак, тој ја призна промената на свој начин, вклучувајќи го објавувањето на мемето „forced to drink milk“.
Тој, исто така, побара од корисниците да ја следат ситуацијата додека Twitter го „прилагодува алгоритмот“, откако твитерџиите почнаа да се жалаат дека „Маск им излегува постојано на тајмлајн“.
Сепак, „прилагодувањата“ не ја отстранија својата предност во целост, затоа што твитовите на Илон Маск и понатаму се вештачки промовирани за фактор помал од 1.000.
Во суштина, корисниците и понатаму често ќе ги гледаат твитовите на Маск.