Дали има дополнителни мерки за да се заштитиме од новите соеви на коронавирусот?

Во декември 2020 година се појави нов сој на коронавирус што ја предизвикува болеста COVID-19 и оттогаш се откриени уште неколку мутирани соеви.

Се поставуваат нови прашања - дали се овие позаразни соеви и дали има други начини на кои можеме да се заштитиме од инфекција?

Роберт Болингер, лекар и професор по инфектологија на Универзитетот Џонс Хопкинс, за списанието Hopkins Medicine објаснува дали сега треба да се придржуваме до некои други правила со новите соеви. Тој верува дека нема потреба од тоа:

„Мора да продолжиме да се однесуваме како што се однесувавме досега“, рече тој.

„Досега нема докази дека мутираните варијанти на вирусот се биолошки различни на начин што би барал поинаков пристап или промени во препораките за да се спречи ширењето на инфекцијата. Сепак, сè уште треба да продолжиме да ја проучуваме оваа појава “, додаде тој.

Експертите истакнуваат дека однесувањето на луѓето е многу важен фактор. Колку повеќе луѓе се заразени, толку се поголеми шансите да се појават мутации. Ограничувањето на ширењето на вирусот преку придржување кон мерките (носење маски, држење дистанца, подобра хигиена на рацете) не му дава на вирусот можност да се промени. Исто така, го намалува можното ширење на нови, позаразни варијанти, доколку тие се појават.

„Мора постојано да ги потенцираме основните мерки за заштита на јавното здравство - носење маски, одржување растојание, зголемена вентилација на затворените простори и избегнуваат собирање на луѓе на мал затворен простор. Ние му даваме на вирусот предност да се развива понатаму кога ќе се собереме на мал простор“, објасни Болингер.

Можеме ли да очекуваме повеќе нови соеви на вирусот SARS-CoV-2?

Експертите едноставно одговараат - да. Сè додека коронавирусот се шири низ населението, ќе се појавуваат мутации.

Минатата година неколку мутации го привлекоа вниманието на научниците и дури предизвикаа загриженост. Сепак, досега студиите покажаа дека нема големи промени во однесувањето на коронавирусот SARS-CoV-2.

„Секоја недела се откриваат нови видови на вирусот SARS-CoV-2. Повеќето се појавуваат и исчезнуваат, а некои остануваат, но не преовладуваат. Некои испаднаа дека се заразни некое време, но потоа и тие исчезнуваат. Кога се јавува промена во познатите модели на инфекција, тешко е веднаш да се утврди што е тоа. Можеби тоа е промена во вирусот, а можеби и во однесувањето на човекот. Она што загрижува, сепак, е фактот дека многу слични промени во вирусот се случуваат целосно независно на неколку континенти “, додаде тој.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе