Конечна одлука во јануари

Дали Израел си даде автогол за учеството на Евровизија?

Учеството на Израел на годинешниот Избор за песна на Евровизија предизвика низа контроверзии поради конфликтот во Газа, што резултираше со бројни протести во Малме.

Сепак, се чини дека Израел би можело засекогаш да го напушти ова престижно натпреварување поради сосема други причини.

Според информациите што ги објави шведски Aftonbladet, постои можност Израел да не учествува на Евровизија во 2025 година поради предложениот закон кој се однесува на приватизацијата на државната телевизија KAN.

Овој закон, предложен од израелскиот министер за комуникации, Шломо Кархи, може да доведе до исклучување на Израел од Европската радиодифузна унија (EBU), а со тоа и од Изборот за песна на Евровизија. Оваа информација ја потврдија од EBU за Jerusalem Post.

Предлог-законот веќе го усвои првото гласање во израелскиот Кнесет на 27 ноември, со поддршка на владејачките партии, додека конечното гласање се очекува на почетокот на јануари. Министерот Кархи не ги коментираше изјавите на EBU за можното исклучување на Израел од натпреварувањето доколку се усвои законот.

Вработените во KAN силно се спротивставуваат на предлогот, а уредникот Еран Цикурел ја нарече ситуацијата „автогол“, особено во светлината на меѓународниот притисок околу конфликтот во Газа.

„Цела година нашите противници се обидуваа да го спречат Израел да учествува на Евровизија, а сега тоа го прави министерот Кархи за нив, нè истурка надвор“, рече Цикурел.

Да потсетиме, Израел на Евровизија учествува од 1973 година, а со четири победи важи за една од најуспешните земји во историјата на ова натпреварување.

реклама

Музика

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Read more

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Read more

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Read more

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Read more
 

Сцена

War Machine е најгледаниот филм на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе