Дали Јокиќ ќе биде МВП?

Се ближи крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА, па затоа се вжештува битката за МВП.

Од ноќ во ноќ, Никола Јокиќ и Шеј Гилџс-Александер забележуваат импресивни партии.

Јокиќ пред еден ден забележа трипл-дабл со 61 поен, што е рекорд во НБА. Просечно бележи трипл-дабл сезонава со 29,7 поени, 12,8 скока и 10,2 асистенции.

Тој е меѓу првите тројца играчи во лигата во сите три големи категории и статистички ја има веројатно најдобрата сезона во историјата на лигата.

И покрај големите проблеми со повреди на клучните играчи, неговиот Денвер Нагетс се бори за третото место на Западот.

И кога Јокиќ не игра, Нагетс губат од најлошите тимови во лигата. Неговите импресивни настапи многумина ги споредија со доминацијата на Вилт Чембрлејн.

Србинот се обидува да стане само третиот играч во историјата, по Вилт Чембрлејн (1961-1965) и Леброн Џејмс (2008-2012), кои освоија четири МВП титули за пет години.

Remote video URL

Од друга страна, Гилџс-Александер има постигнато најмалку 20 поени на 69 последователни натпревари, со што се израмни со Мајкл Џордан.

Тој е на чекор од освојување на титулата најдобар стрелец во лигата со 32,9 поени по натпревар.

Дополнително, неговиот Оклахома Сити Тандер доаѓа од една од најдоминантните сезони во историјата на лигата, водејќи ја со скор од 64-12.

Тие ги добија последните 11 натпревари, а ако победат во преостанатите шест, ќе им се приклучат на Чикаго Булс 1996/1997 и Голден Стејт Вориорс 2015/2016 како само трет тим кој забележал 70 победи во регуларниот дел од сезоната.

Две третини велат - СГА е МВП!
Remote video URL

Неколку натпревари пред крајот на серијата, ESPN го направи последното, трето гласање за МВП.

Точно 100 НБА инсајдери го избраа најкорисниот играч на сезоната, а како и при гласањето во средината на февруари, Канаѓанецот повторно победи пред Србинот.

Дури и ако гласовите во оваа анкета се точни, а ги има во секоја од претходните пет сезони, тогаш Шеј Гилџс-Александер ќе го освои признанието МВП.

Во анкетата, која често е огледало за официјалното гласање на лигата, кое беше спроведено во период од 24 часа помеѓу саботата и неделата, СГА доби 77 од 100-те првопласирани гласови, а Јокиќ преостанатите 23. Така, Гилџес-Александар доби 931 поен во гласањето, а Јокиќ 769.  

Ќе видиме дали историскиот трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен ќе донесе пресврт.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Кошарка

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Read more

Еден е Јокиќ!

Read more

Минесота ќе игра финале во Западот, Бостон намали против Њујорк

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе