Дали кафето навистина е лек за мамурлак?

Кога ќе се разбудат мамурни, многу луѓе спасот за отрезнување го бараат во кафето. Но, дали навистина кафето има таков ефект?

За жал, научниците открија дека кофеинските пијалаци воопшто не помагаат во ублажувањето на мамурлакот.

Професорот Тони Мос од Лондон, откри дека нивото на алкохол во крвта не се намалува при пиење на шолја јако кафе.

Кофеинот може да поттикне будност, но во координацијата и другите моторички способности и понатаму ќе влијае алкохолот, кој го имате во крвта.

Професорот Мос спроведе експеримент, со цел да ја тестира оваа теорија.

Тој повика пет студенти и им даде да пијат вотка и тоник, кои содржат доволно алкохол, за тие да можат да го почувствуваат неговото дејство.

Групата, потоа било потребно да направи еден едноставен тест, со кој ќе го покаже влијанието на способноста око-рака: Било потребно мало метално квадратче да го поместуваат околу жица, а да не ја фатат.

Тие паднале на тестот и биле видно пијани.

После пет минути им било донесено кафе, а потоа повторно било потребно да го направат тестот.

Иако учесниците се чувствувале будно, повторно паднале на тестот. Професорот Мос, открива дека мерењето на количината на алкохол во крвта, покажало дека количината на алкохол е иста како и после пиењето на кафе.

Поточно, Мос вели дека постои само еден начин да се отрезните - да чекате.

„Од некои други истражувања знаеме дека кафето е „противотров“ за алкохолот. Се вели дека со пиењето на кафе ќе се чувствувате помалку уморно, како и дека се намалува нивото на алкохол во крвта. Но, единствено нешто што може да ве отрезни е да почекате да помине дејството на алкохолот“, вели тој.

Мос исто така, вели дека не постои ништо што можете да се напиете за побргу да се отрезните.

„Многу луѓе веруваат дека пиењето вода може да помогне во тоа, но повторно ќе кажам, ништо не може да го забрза тој процес, преку кој црниот дроб ослободува алкохол во крвотокот“, вели Мос.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе