Дали карикатурата со кралицата Елизабета и Меган е претерување?

Францускиот сатиричен весник Charlie Hebdo пред неколку дена објави провокативна насловна страница за британската кралица Елизабета Втора и актерката Меган Маркл, сопругата на принцот Хари.

На насловната е прикажана кралица со бесен израз на лицето, застаната со коленото на вратот на Меган, со коментар „Зошто Меган даде отказ од Бакингем?“, на што Меган одговара: „Затоа што не можев да дишам повеќе“. Карикатурата потсетува на смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина откако полицаец му клекна на вратот и остана така повеќе од осум минути и покрај очајничките молби за помош од Флојд кој викаше „Не можам да дишам“.

Charlie Hebdo ja објави карикатурата само неколку дена откако принцот Хари и неговата сопруга Меган во интервју за Опра Винфри рекоа дека искусиле отворен расизам од членовите на семејството и вработените на кралскиот двор.

URL

Карикатурата предизвика контроверзии. Халима Бегум, извршна директорка на Runnymede Фондот за расна еднаквост, за карикатурата рече дека е „погрешна на секое ниво“.

„Кралицата како убиецот на Џорџ Флојд ѝ го толчи вратот на Меган? Меган вели дека не може да дише? Тоа не ги поместува границите, не насмеа никого и не потсетува на расизам. Тоа е навреда“, рече Бегум.

Принцот Вилијам: Не сме расисти

Принцот Вилијам негираше дека кралското семејство е расистичко.

„Ние не сме расистичко семејство“, нагласи Вилијам.

Во изјавата во име на кралицата, Бакингемската палата рече дека се загрижени за обвинувањата за расизам изнесени од Сасекс и дека тие биле сфатени многу сериозно. Палатата одби да ја коментира контроверзната карикатура.

Што мислите Вие? Дали карикатурата на Charlie Hebdo е претерување?

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе