Дали ќе падне кредитниот рејтинг на Америка?

Агенцијаата Fitch сигнализираше дека би можела да го намали кредитниот рејтинг на САД „ААА“ доколку Белата куќа и Конгресот не постигнат договор во наредните денови за зголемување или суспендирање на плафонот на долгот.

Државната благајна на САД (Министерството за финансии) постојано предупредуваше дека може да има проблеми со исполнувањето на финансиските обврски уште на почетокот на јуни.

Преговорите меѓу администрацијата на претседателот Џо Бајден и републиканците во Претставничкиот дом влегоа во ќорсокак, а до истекот на рокот останаа само седум дена. Од Fitch велат дека би можеле да го намалат рејтингот на САД доколку навреме не го подигнат плафонот на долгот или не го суспендираат.

„ Fitch сè уште очекува договор за лимитот на долгот да биде постигнат пред ‘датумот X’“, се вели во извештајот на агенцијата. „Сепак, веруваме дека постојат зголемени ризици дека плафонот на долгот нема да биде подигнат или суспендиран пред ‘датумот X’, така што владата може да почне да го пропушта подмирувањето на некои обврски“, се додава.

Отсуството на договор „би било негативен сигнал за поширокото управување и подготвеноста на САД навреме да ги исполнат своите обврски“, а малку е веројатно дека тоа би било во согласност со рејтингот „ААА“, забележува агенцијата.

Тие проценуваат дека американската влада ќе потроши повеќе отколку што заработува, што ќе резултира со дефицит од 6,5 проценти од БДП оваа година и 6,9 проценти во 2024 година.

Портпаролот на американското Министерство за финансии изјави дека Fitch испраќа предупредување кое ја нагласува потребата од договор. Белата куќа смета дека ова е „уште еден доказ дека неможноста да се исполнат обврските не е опција“.

Предупредувањето на Fitch  потсетува на 2011 година и тогашниот конфликт околу зголемувањето на плафонот на долгот, што ја натера агенцијата Standard & Poor's да го намали рејтингот на САД на „АА+“.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Бизнис

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Read more

Америка се спаси од банкрот

Read more

Најбогатиот човек во светот за само еден ден изгуби повеќе од 11 милијарди долари

Read more

Дали ќе падне кредитниот рејтинг на Америка?

Read more
 

Вести

Вјоса Османи: Илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите

Читај повеќе

Над 50 лица се повредени во судирите во Звечан, вели доктор од Косовска Митровица

Читај повеќе

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозии одекнуваат на Косово – двајца Срби ранети, ситуацијата повторно тензична

Читај повеќе

Сослушана дадилката на Коста: Тој беше добро дете

Читај повеќе

Бектеши со евтини летови Скопје-Сараево ќе го зголемува бројот на туристи во двете земји

Читај повеќе

Пендаровски одлучи да ги потпише законите за Бехтел и Енка

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа кај Штип, загина возач

Читај повеќе

Кинотеката в среда го отвора летното кино со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Читај повеќе