Дали Хелените ја откриле Америка многу пред Колумбо?

Официјалното откривање на Америка му се припишува на Кристофер Колумбо, иако со сигурност се знае дека векови пред него во Северна Америка стигнале Викинзите. Но, постои сомневање дека речиси цел милениум пред Викинзите во Америка стигнале Хелените.

Најновото истражување, засновано на ревизија на дијалогот напишан од старогрчкиот историчар Плутарх, кој живеел од 46 до 119 година, покажува дека Хелените навистина биле првите што стигнале до Америка.

Д-р Јоанис Лирицис, професор по археологија на Егејскиот универзитет, го проучувал дијалогот на Плутарх и врз основа на тоа ја развил теоријата дека Хелените биле првите што стигнале до дотогаш неоткриениот континент.

Имено, во текстот на Плутарх „De Facie“, постои дијалог помеѓу Ламбриј и Картагинецот Сула, во кој Ламбриј бара повторно да му ја раскаже приказната за далечното патување, алудирајќи на Сула кој го посетил храмот во Картагина после патувањето кон новиот свет.

Токму оваа митска приказна на грчкиот филозоф Плутарх го натерала да размисли кој всушност ја открил Америка.

Повеќе од мит

Понатамошните истражувања тврдат дека врз основа на астрономија Хелените успеале да го одредат прецизното движење на атлантските струи за долги патувања.

Д-р Лирицис понатаму ја развива својата теорија базирана на заедничка работа со астроном, метеоролог и експерт за информатичка технологија.

Според патувањата на ликот од текстот „De Facie“, младите патници кои би сакале да одат на новиот континент, би патувале на секои 30 години, кога планетата Сатурн, која Хелените ја викале Хронос, се појавувала во coѕвездието Бик.

Друг аспект на оваа митска приказна се однесува на затемнувањето на Сонцето кое е тесно поврзано со планетата Сатурн и е опишано во приказната.

Според тоа, научниците пребарувале записи за затемнувања стари пет милениуми.

На тоа пат, откриле дека специфично затемнување, што се случило во 75 година од новата ера, кога планетата Сатурн навистина се појавила во соѕвездието Бик.

Користејќи нова софтверска технологија, научниците сфатиле дека Сатурн влегол во соѕвездието Бик трипати во децениите околу затемнувањето на Сонцето - од 26 до 29, 56 до 58 и 85 до 88 година од новата ера.

Тимот научници го искористил затемнувањето на Сонцето во 75 година за да го пресметаат времето на дијалогот помеѓу Ламбриј и Сула, кој патувал на неоткриениот континент.

Врз основа на ова, тимот, со помош на модерна технологија, успеал да го одреди времето кога Сатурн последен пат влегол во соѕездието Бик, а тоа била во 56 година од новата ера.

Истражувачите претпоставуваат дека патувањето требало да започне истата година, за да се пристигне во Северна Америка следната година, односно 57 година, бидејќи патувањето траело година дена.

Древните Хелени останале во Америка една година, за да се вратат во својата татковина во 58 година, односно кога планетата Сатурн излегла од соѕвездието Бик.

Ова е последното пишување на Плутарх за долгото патување на неговиот патник.

Географските описи ја потврдуваат теоријата

Понатамошната анализа на дијалогот на Плутарх се однесува на дефинирање на географската област на нивниот пат. Во текстот се споменува „големиот континент“ надвор од границите на островот Огија, за што, според текстот, се бара патување од пет дена.

Тој исто така споменува дека хеленските доселеници стигнале до „големиот континент“ преку залив што е еднаков на делтата на реката Волга.

Со помош на Google Earth, д-р Лирицис рачно повлекол линија од ова место преку Атлантикот и сфатил дека води до Заливот Св. Лоренс во Канада.

На крајот од овој заклучок, тимот експерти верува дека старите Хелени патувале во Америка со надеж дека ќе најдат материјално богатство, или нови верски убедувања.

Плутарх

Бил старогрчки биограф и есеист кој живеел од 46 до 119 година од новата ера, во римско време. Станал римски граѓанин под името Луциј Местриј Плутарх, а живеел во родниот град Херонеја, близу до Делфи. Нам ни е познат по делото „Животот на Александар“, но најпознати дела му се „Напоредни животописи“ и „Моралија“, напишал биографски дела и за Цезар и Пир, а има и уште дела кои се сметаат за изгубени.

реклама

Јавноста незадоволна од статуата на покојниот пејач: Ако ова е Тоше...

Read more

Осум секс митови што важат само во порно филмови

Read more

Четири нови авиодестинации од Скопје до крајот на годинава

Read more

Газдата на Њукасл пречекан со транспарент: Треба да си терорист и убиец за да купиш англиски клуб

Read more

Вести

Совршена машина за уништување: Американскиот М1 Abrams е најдобриот тенк во светот

Read more

Интересно истражување за микропластиката во воздухот: Дали всушност ја лади атмосферата?

Read more

Најголемиот скелет од трицератопс се ​​продаде за 6,6 милиони евра

Read more

Викинзите стигнале во Северна Америка пред Колумбо

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Трилогијата Grand Theft Auto доаѓа во ноември, погледнете го трејлерот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Совршена машина за уништување: Американскиот М1 Abrams е најдобриот тенк во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Големата експлозија всушност била супермасивна бела дупка?

Читај повеќе

Google издаде итно предупредување за сите корисници на Chrome

Читај повеќе

Интересно истражување за микропластиката во воздухот: Дали всушност ја лади атмосферата?

Читај повеќе

Новиот iPhone SE 3 ќе биде базиран на моделот XR

Читај повеќе

Најголемиот скелет од трицератопс се ​​продаде за 6,6 милиони евра

Читај повеќе
  • filter

Ова е новиот Huawei Nova 9

Читај повеќе

Викинзите стигнале во Северна Америка пред Колумбо

Читај повеќе