Дали конечно има решение за опасниот аквапланинг?

Според статистичките податоци, појавата аквапланинг предизвикува десетици илјади сообраќајни несреќи годишно, често со човечки жртви.

Поројните дождови често резултираат со „реки“ по улиците и формирање на вирови што ја зголемуваат опасноста од лизгање и аквапланинг или хидропланинг.

Возачи, ова можеби ви се нема случено или ви се случило и сте реагирале правилно, но секогаш е добро да знаете како точно се случува оваа опасна појава, како да ја спречите и што да направите во таква ситуација.

При аквапланинг, гумите се лизгаат, не реагираат на управувањето со волан, на кочење или на забрзување. Може и да дојде до лизгање и извртување на возилото.

Аквапланинг (хидропланинг) е појава која се случува кога водата ќе се собере под гумата побрзо отколку што возилото со својата тежина може да ја истисне.Тогаш насобраната вода го подигнува автомобилот и тој плива на танок слој вода кој се формира измеѓу гумата и подлогата.

Добро познатата дизајнерска куќа Italdesign неодамна започна да се занимава со безбедност на сообраќајот. Во соработка со Bosch и Easyrain, Италијанците развиваат иновативен систем за контрола на лизгањето на влажни површини, што би можело да го испрати феноменот аквапланинг во минатото.

Инвентивниот систем Aquaplaning Intelligent System (AIS) дизајниран од Easyrain се состои од сензори и софтверско решение, кои се поврзани со систем дизајниран да препознае опасност од аквапланинг уште пред да се случи.

Системот работи така што кога ќе ја препознае потенцијалната опасност од аквапланинг, во дел од секундата ослободува млаз вода пред предните тркала, што помага да се „скрши“ водниот слој на површината и со тоа се спречува губење контакт на тркалата со асфалт.

Со оглед на тоа дека вишокот вода од подлогата веќе се отстранува со самото триење на гумите, млазот вода доаѓа како помошно средство и возачот може полесно да одржува контрола над возилото.

На видеото можете да го видите влијанието на ваквиот систем во случаи на аквапланинг:

Remote video URL

Според извори на Easyrain, сè уште нема индикации кога овој систем би можело да почне да се инсталира во автомобилите, но тие потенцираа дека тој ќе биде компатибилен со сите видови автомобили, од оние од вообичаените класи, до автомобили со високи перформанси и електрични модели.

Remote video URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе