Дали лекот хидрохлорокин помага против COVID-19?

Се тестираат два лека против маларија како можно средство за борба против COVID-19.

Во рамките на глобалното истражување, на повеќе од 40.000 здравствени работници од Европа, Азија и Јужна Америка кои биле во контакт со пациенти болни од COVID-19 ќе им биде даден хлорокин, хидрохлорокин или плацебо терапија.

Американскиот претседател Доналд Трамп неделава наиде на критики откако јавно соопшти дека зема хидрохлорокин превентивно, иако има предупредувања дека не е безбедно лекот да се зема на своја рака.

Првите британски учесници во глобалното истражување денеска почнуваат со тестирање во Универзитетските болници во Брајтон и Сасекс и во болницата Џон Редклиф во Оксфорд. Во наредните три месеци ќе добиваат хлорокин, хидрохлорокин или плацебо терапија. На учесниците во Азија ќе им се дава хлорокин или плацебо.

Во Велика Британија за тестирањето може да се пријави секој кој пружа медицинска нега на заразени со коронавирус, но под услов и самите да не се дијагностицирани со болеста. Тестирањето ќе покаже дали лекот може да делува превентивно кај здравствените работници изложени на вирусот.

„Навистина не знаеме дали хлорокинот или хидрохлорокинот помагаат или прават поголема штета кога се користат против COVID-19“, изјави проф. Николас Вајт од Универзитетот Оксфорд, водач на тамошното истражување.

Тој вели дека вакво контролирано истражување во кое се дава лек или плацебо терапија по случаен избор, е најдобриот начин да се провери тезата.

„Можно е да помине долго време додека да добиеме достапна, безбедна и ефикасна вакцина“, вели проф. Мартин Левелин од Медицинскиот факултет за Брајтон и Сасекс, кој е водач на истражувањето таму.

„Ако лек кој добро се поднесува, како хлорокин или хидрохлорокин, може да ги намали шансите од зараза со COVID-19, тоа ќе биде од непроценлива важност“, рече тој.

Овие лекови може да ги намалат високата температура и воспалението и се користат како превенција и терапија за маларија.

Хидрохлорокинот го регулира начинот на кој реагира имуиот систем и се користи како терапија и за ревматски артритис и Лупус.

Треба да се напомене дека овој лек се тестира во клинички контролирана средина и СЗО предупредува да не се зема на своја рака бидејќи не е докажано дека помага против коронавирусот, а може да предизвика сериозни проблеми со срцето.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе