Дали личиме на ЕУ: Тие се сечија мета, сечија цел и сечиј изговор за омраза – Стоп за дискриминацијата на ЛГБТИ лицата

Оние најгласните, обвинуваат дека сето тоа е неприродно, девијација, перверзија, и дека ќе ја уништи светската цивилизација. Спрoтивно на теориите на омраза, никаде нема доказ дека зголемувањето на видливоста и на прифатеноста на ЛГБТ луѓето довело до пропаст на општеството.

LGBT / ЛГБТ или GLBT / ГЛБТ е кратенка која стои за лезбијка, геј, бисексуалец и трансродова личност. Во употреба уште од раните 1990-ти, поимот е проширена верзија на првичната кратенка LGB / ЛГБ, која е воведена како замена за поимот геј со цел пошироко опфаќање на целата ЛГБТ заедница, кон крајот на 1980-тите. Кратенката, со сите свои варијанти, се користи како сеопфатен поим за најразличните типови на сексуален или родов идентитет.

Во нашата земја во 2019 година за прв пат се спроведе „Парада на Гордоста“, манифестација која сака да ги доближи ЛГБТИ лицата до општеството, да покаже на јавноста дека тие се овде и не се зло, не се некое тајно друштво што работи на глобален заговор, само сакаат да ги имаат истите човекови права и слобода. Тогаш, „Парадата на гордоста“ ја поддржаa голем број на јавни личности, имаше и личности од Владата, министри, пратеници, но и многу семејства кои застанаа зад своите деца, браќа и сестри да ги поддржат во љубовта и во нивната слобода на слободно сексуално изразување. Но, исто така првата „Парада на гордоста“ кај нас наиде на остри критики, навреди, пцовки, закани.

Да, во Македонија постојат, тоа е реалноста и тие се едни од најдискриминираните. Со години се борат во општеството да бидат прифатени, а не омаложувани, навредувани, оттргнати...

Во нашето мулти етничко општество, надминавме многу чувствителни прашања поврзани со човековите права, на една или друга основа, но, сепак уште многу треба да работиме а за да можат сите граѓани да ги уживаат своите загарантирани човекови права. Дали поради патријахалното домашно воспитување кое го имаат најголемиот број од граѓаните, дали поради страв од непознатото, развиените стереотипи, недоволната информираност, страв дека тоа може да им се случи во семејството, дел од  граѓаните  не сакаат по  никоја цена да прифатат дека лицата од ЛГБТ заедницата ги имаат сите права како и нив. Тие селичности кои сакаат или имаат партнери од ист пол, и едноставо сакаат да уживаат во љубовта и слободата како и лицата кои имаат партнери од спротивен пол.

Ако секој  човек на планетата има право да љуби и да шири љубов, да сака искрено и да биде сакан, да ужива по свои правила и свои желби, зошто да не го можат тоа и припадниците на ЛГБТ заедницата?

Додека кај нас се водат жестоки дебати на овие теми, додека се навредуваат личности кои држат за рака личност од ист пол во јавност, се покажувани со прст на нивните работни места, во некои земји од светот се обезбедува поголема поддршка на овие лица и се пример за тоа како треба да се гради општество за сите.

Често се слушаат безброј прашања, особено до оние кои некако се најгласни против лицата од ЛГБТ заедницата: Што толку сакаат ЛГБТ луѓето? Што немаат? За какви права се борат? Зошто треба да бидат третирани посебно? Тие секогаш и секаде го имаат истиот одговор.

„Верувам дека еден ден општеството ќе разбере дека ние сме тука, сме постоеле отсекогаш и не сме дошле од надвор. Никој не не донел тука за да бидеме ЛГБТИ, туку ние сме дел до секое семјество, секое општество и секоја култура. ... ЛГБТ лице може да биде вашиот доктор, може да биде аптекарот или кој било друг во вашата средина. Кога промовирате насилство против нив, правите да не бидат прифатени во местото каде што живеат. Верувајте да се живее двоен живот е многу тешко. Прифатете ги луѓето какви што сте и споделете љубов“, вели Бексим Асани, претседател на ЛГБТ јунајтед од Тетово.

И додека има лица кои се борат за остварување на нивните права, има и такви кои работат против тоа.

„Знаеме дека наспроти нас имаме луѓе што работат за нашите права да не се остварат. Па така, ако не останеме будни и мобилизирани, ако нема граѓански фактори и здруженија, наскоро може работите да тргнат наназад“, вели Матје Гасон Башет, портпарол на федерацијата Интер-ЛГБТ, Франција

„Дали личиме на ЕУ“ е прашање што по својата важност го надминува прашањето дали и кога ќе станеме членка на ЕУ. Тоа е прашање на можности и стандарди што овозможуваат подобар живот. На ангажманот на државните институции и на општеството во градењето подобро утре. Европа не треба да ја гледаме како симбол на совршенство, туку како симбол на желбата за усовршување. На желбата секој да ги ужива своите фундаментални права. „Дали личиме на ЕУ“ значи дали го заслужуваме епитетот „европски“, кога зборуваме за правата на човекот и на граѓанинот.

Во општества со највисок животен стандард, ЛГБТ луѓето слободно се држат за рака со своите партнери во јавност, во кино, ресторан, во некои земји лицата од оваа заедница може да склучат и истополови бракови. Такви земји се: Холандија, Белгија, Шпанија, Канада, Јужноафриканска република, Норвешка, Шведска, Португалија, Исланд, Аргентина, Данска, Франција, Бразил, Уругвај, Нов Зеланд, Велика Британија и Луксембург. А Мексико и САД дозволуваат истополови бракови во одредени региони.

Холандија беше првата земја која стави крај на забраната на истополови бракови. Тоа го направи во 2001 година, кога Парламентот изгласа елиминирање на дискриминацијата од законот. За да се стапи во истополов брак во оваа земја, законот бара барем едно од лицата да биде државјанин на Холандија или да живее во земјата. Во декември 2012, холандскиот остров на Карибите, Саба, донесе одлука за дозвола на истополовите бракови. Во оваа земја ЛГБТ заедница ужива во најмногу права, но и покрај тоа директорот за човекови права на „Копенхаген 2021“, Арон Лефевр вели дека и во Холандија треба уште да се работи на правата и заштитата на лицата од ЛГБТ заедницата.

„Мислам дека во Холандија е многу важно да продолжиме да одиме напред, да продолжиме да работиме на вклученоста на ЛГБТИ луѓето во законодавството, но и во едукацијата, затоа што да се застане во место секогаш е проблем... Мислам дека ако ги гледаме првите десет години по 2000 година, имаше голем напредок, но исто така сум свесен за фактот дека забавуваме. Ако на пример ја погледнете светската карта, ќе видите дека го делиме 11-тото место, додека во минатото бевме многу погоре на овие листи. Тоа во основа значи дека имаме застој во инклузијата на ЛГБТ заедницата во нашпата земја“, вели тој.

„Навистина се создават законски услови за ЛГБТИ  луѓе да ги уживат своите прави и слободи но истотака ја подигнуваме јавната свест меѓу населението, меѓу граѓаните за тоа што се проблемите со кој се соучуват ЛГБТИ и дека навистина треба сите заеднички да се бориме против нивната дискриминација, говор на омраза, насилство и така натаму“, вели пратеничката Маја Морачанин која ги поддржува ЛГБТИ лицата и се бори за нивните права и додава: „Споредбено со некои минати периоди мислам дека навистина веќе прашањето што се однесува до правата на ЛГБТИ добива на значење и отворено се зборува и во јавноста. Во Собранието на РСМ  почнуваме практично навистина да придонесуваме за промената на сфаќањата во јавноста што се однесува до ЛГБТИ. Бидејќи тие сепак се сеуште најмаргинализираната заедница во нашато општество, но мислам дека придонесувавме да се менуват работите во позитивна насока“.

Државата, барем засега, покажува волја да ја унапреди борбата против дискриминацијата на сите полиња. Голем чекор е моментот кога се донесе Законот против дискриминација во нашиот законодавен дом. Ова е почеток на една нова ера, можеби сега за сега е малку, но е почеток на добивање на правата на ЛГБТ заедницата....

„Се очекува да добиеме една професионална, независна и многу поефективна комисија за спрeчување заштита од дискриминација која што постапува по сите постапки на граѓаните којa што ќе постапува по службенa должност, професионално. Со новиот закон е уредено комисијата да работи како професионално тело односно, не како до сега да биде на хонорарна основа. Со овој закон се предвидува членовите на комисијата да бидат 8 часа секој ден ангажирани во спречување и заштита од дискриминација на граѓаните“, вели Ѓултен Мустафова, државна советничка за недискриминација во Министерството за труд и социјална политика

Можеби една од најлошите работи со кои се соочуваат лицата од ЛГБТ заедницата кај нас е насилството. Многумина од нив не се чувствуваат безбедно да се прошетаат по улиците на својот град, бидејќи се често напаѓани. И знаат дека напаѓачите не се единствени виновници во оваа ситуација.

„Насилството е уште поголем проблем затоа што тие хомофобични ставови даваaт стереотипи кои се присутни кај мнозинството луѓе, а се поврзани со тоа дека ЛГБТ луѓето се болни, дека не се нормални. И неказнувањето на таков вид на постапки уште повеќе ги изложува ЛГБТ луѓето на дополнителен ризик од насилство, говор на омраза, дискриминација, од злоупотреба, од злоставување на нивните човекови права. Потребни се интервенции од типот образовни програми, содржини или  практики кај наставниците да бидат поинклузивни, поотворени. Но и кај институците кај обвинителството, судството, се многу повеќе од потребни“, вели Антонио Михајлов, извршен директор на Субверзивен фронт, но и посочува дека самата ЛГБт заедница има хиерархија на прифатливост и неприфатливост. „На пример ЛГБТ Ромите се најмалку прифатени од самата ромска заедница но и од мнозинската неромска заедница. Многу е тешко да бидеш ЛГБТ Ром во држава каде што и самите Роми имаат многу често дискриминаторски ставови, но и кон самите ЛГБТ луѓе има многу често дискриминаторски ставови“, потенцира тој.

Повеќе на оваа тема може да погледнете и во епизодата „Еднаквост и Толеранција“, дел од документарниот серијал „Дали личиме на ЕУ“, креирани во рамки на истоимениот проект, финансиран од Европската Унија.

Remote video URL

Нека не ве плашат разликите, различностите се убави за да уживаме во убав и шаренолик свет. Има уште многу, ама навистина многу да се работи на оваа проблематика во нашата мала, но убава земја. На крајот – борбата е само за еднаквост, и за ништо повеќе.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе