Дали луѓето би можеле да трчаат со брзина на гепард?
Зошто гепардите можат да трчаат толку брзо? Дали би можеле луѓето да бидат толку брзи? Биологот со специјализација за гепарди Адриен Крозие и ортопедскиот хирург д-р Крис Рејнор објаснуваат зошто гепардите се толку брзи и зошто луѓето се релативно ограничени.
Крозие е биолог и менаџер на репродуктивната и истражувачка програма за гепарди на Институтот за конзервациона биоилогија при Смитсонијан (SCBI). SCBI игра водечка улога во глобалните напори на Смитсонијан да ги спаси животните од дивиот свет од истребување и да ги обучи идните генерации на заштитници на животната средина.