Дали луѓето се создадени да бидат моногамни?
Модерната култура „проповеда“ дека секој човек има „една сродна душа“ со која треба да го помине целиот живот.
Луѓето главно се моногамни, но тоа е нормата само во изминативе 1.000 години. Првите примати биле самотници и сакале да живеат во изолација. Возрасните единки се сближувале само за размножување. Со текот на времето, приматите станале подруштвени и еволуирале во живеење во групи, но само луѓето станале навистина моногамни.
Но, 80% од раните човечки општества биле полигамни, па како сме станале моногамни и дали е тоа нашата „вистинска природа“?