В четврток, Европскиот парламент ќе гласа во Стразбур за да одлучи дали ќе го потврди новиот мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на Европската комисија, а оваа одлука уште еднаш го стави во фокусот на тлеечкиот конфликт меѓу неа и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Моментално двете најмоќни жени, како што опишуваат западните медиуми, би можеле повторно да влезат во конфликт при гласањето, пред сè поради фактот што Џорџа Мелони може доста да го отежне гласањето.
По завршувањето на изборите во ЕУ, најважните позиции во Брисел беа распределени со договор меѓу претставниците на Европската народна партија (EPP) и социјалистите, а ваквата распределба ја налути италијанската премиерка, која неколку пати нагласи дека десничарите заслужуваат најмалку една потпретседателска позиција.
Сега, неколку недели по реконструкцијата, Фон дер Лајен ќе се соочи со потенцијален проблем. Иако теоретски таа ќе има доволно поддршка во Парламентот на ЕУ, дури 15 отсто од европратеничките можеби нема да го поддржат нејзиниот нов мандат.
„Тоа е местото каде што Мелони може да стапи на сцена. Таа е на чело на група цврсто десничарски европски конзервативци и реформисти чии 78 гласови би можеле да се покажат како клучни за судбината на Урсула фон дер Лајен“, пишува Politico.

Затоа, гласањето в четврток ќе ѝ даде на Мелони два избора.
„Таа мора да ја прифати можноста да биде дел од мнозинството кое изразува поддршка за претседателкиата на Европската комисија или ќе биде изоставена, што мислам дека ќе и биде тешко“, вели Марко Валбруци, политиколог од Неапол.
Малку порано, Брисел јасно стави до знаење дека нема план Б доколку не биде потврдена Урсула фон дер Лајен.
„Ако в четврток нема 361 глас, политиката на ЕУ повторно ќе влезе во хаос и конфузија“, се објаснува во текстот.
Исто така, Рим има ставено многу на коцка.
„Доколку Мелони ја поддржи кандидатурата на Фон дер Лајен, таа ќе го зацементира своето место како главен умерен глас во ЕУ. Ако им нареди на пратениците да бидат воздржани, таа ризикува да ја остави партијата, но и Италија на ,аргините. Ова ќе ја присили Мелони да избира меѓу прагматичните инстинкти и политичките убедувања кои со години ги застапува во Италија“, се наведува во анализата.