Дали миленичињата навистина гледаат ТВ?

Седите во дневна и гледате телевизија, а вашето милениче е до вас и дава впечаток како и тоа да гледа со вас. Но, дали навистина гледа ТВ?

Во 2012 година една британска компанија за производство на кучешка храна се обиде да направи реклама која ќе ги привлече кучињата да ја гледаат. Ја направија користејќи звук со посебна фреквенција кој е нечуен за луѓето, но и тоа како забележлив за кучињата.

Нормално, кучињата не можат да решат која храна сопственикот да ја купи, но и мотивот на компанијата не беше воопшто таков. Требаше кучињата да почнат толку внимание да ѝ обрнуваат на рекламата, што сопственикот сам ќе дојде до заклучокот дрека неговото куче сака да го проба токму тој производ.

Во теорија, идејата изгледаше одлична, но во реалноста повеќето кучиња воопшто не ѝ обрнуваа внимание на рекламата, па обидот доживеа неуспех. Очигледно, сепак рекламите не можат да имаат исто, или барем слично, влијание кај кучињата како и кај луѓето.

И покрај тоа, кучињата сепак реагираат на слики кои се појавуваат на малите екрани, најчесто на слики од други животни, небаре го гледаат истото што и вие.

И телевизорот, како и реалниот свет, кучињата го гледаат во други бои, а потоа тука е и разликата во фрејмови. На човекот му требаат 16-20 фрејмови во секунда за да регистрира движење, додека кај кучињата бројката е над 70 фрејмови во секунда. Епа тогаш исто ли гледате?

Додатно, голема улога игра и самиот вид на телевизор, односно технологијата која ја користи. На пример, доколку имате стар црно-бел телевизор, вашето куче нема ништо да успее да види, додека модерните плазма екрани со многу побрзи фрејмови ќе можат да му го задржат вниманието.

Сопствениците на мачки и папагали исто така тврдат дека нивните миленици уживаат да гледат ТВ. Веројатно мачките многу повеќе од папагалите кои поради тоа што ги гледаат и ултравиолетовите зраци од екранот не можат да уживаат во телевизијата.

Remote video URL
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Чек дис аут

Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Се бараат доброволци за експеримент: За 60 дена ќе добијат 18.000 евра

Read more

Бегал од часови по глума

Read more
 

Магазин

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Читај повеќе

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Читај повеќе

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе