Дали може да опстои бракот без секс?

Иако ретко се зборува за браковите без секс, овие ситуации се почести отколку што можете да си замислите.

Поимот „брак без секс“ е три и пол пати почесто пребаруван на Google од „несреќен брак“ и осум пати почесто пребаруван од „брак без љубов“.

Што всушност значи брак без секс?

Не постои прецизна дефиниција, иако некои експерти велат дека тоа е брак на двојка што има секс помалку од 10 пати годишно.

За секс терапевтката Даниел Харел тоа е секој брак во кој сексот главно не постои меѓу партнерите.

„Тоа значи дека партнерите на пример пет години воопшто немале секс или имаат секс еднаш на неколку месеци“, вели таа за HuffPost.

Меѓутоа, експертите велат дека, иако сексот е многу важен елемент во бракот, и браковите без секс може да опстојат, но под посебни услови.

Според истражувањето на Pew од 2015 година, 61% од Американците сметаат дека задоволувачките сексуални односи се многу важни за успешен брак.

Иако многу луѓе влегуваат во романтични врски и брак бидејќи сакаат да ја споделат сексуалната желба, привлечност и страст со партнерот, не се сите бракови во кои нема секс осудени на пропаст и развод.

„Бракот може да опстане ако и двајцата партнери заклучат дека не им пречи што во бракот нема секс. За некои луѓе, сексот не е на листата на приоритети“, објаснува секс терапевтката Селест Хиршман.

Затоа, ако и двајцата партнери имаат ниско либидо, недостатокот на секс не е проблематичен за бракот.

Овие бракови може да бидат подеднакво успешни како и кај луѓето кои редовно имаат секс.

Истото важи и за двојките кои се идентификуваат како асексуални, одноно луѓе кои не доживуваат сексуална привлечност или не покажуваат заинтересираност за секс.

За некои двојки, сексот е нешто забавно што се случува одвреме-навреме, но за нив сексот не е приоритет, ниту е составен дел од одржувањето на врската.

Ако партнерите немаат исто ниво на (не)заинтересираност за секс, тоа може да доведе до проблеми во бракот, повредени чувства и огорченост. Недостатокот на секс може да предизвика фрустрација, тага, а на крајот и уништување на врската.

Во тие случаи, партнерите кои имаат поголемо либидо се склони кон неверство, односно бараат сексуално задоволство надвор од бракот.

„Ако едниот од партнерите е незадоволен од сексуалните односи во бракот, а другата личност не сака да работи на тоа, некои двојки преговараат за отворена врска, односно задржување на бракот како заедница, додека едниот партнер (оној со поголемо либидо) може слободно да бара задоволување на сексуалните потреби на друго место“, вели Хиршман.

Но, ако аферата се случува зад грб на партнерот, тоа може да доведе до друг вид на проблем во врската, а тоа е разнишување на довербата меѓу партнерите.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе