Дали можеш да патуваш 7 дена низ Европа со Red Bull како твоја единствена валута?

20 дена до пријавувањето за најголемата студентска авантура: Eве што треба да знаеш!

Колку се силни твоите инстинкти за преживување? Колку сте авантуристички расположени со друштвото? Колку многу ти се патува? Ако си студент/ка и сите овие прашања ја разгореа твојата фантазија, ти си совршениот кандидат за авантурата Red Bull Can You Make It.

Од што се состои авантурата Red Bull Can You Make It?

По неколку одржани предизвици Red Bull Can You Make It, студентски друштва ширум светот „одлепија“ по шансата токму нивната уникатна патувачка приказна да биде оценета и наградена како најинтересна.

Точно 200 тимови составени од по тројца учесници, ќе тргнат од пет различни градови во Европа со една цел: да стигнат во Берлин, а притоа да не користат пари – единствената валута што ќе ја поседуваат ќе бидат лименки со енергетскиот пијалок „Ред Бул“.

Правилата велат дека смеете да користите сѐ што ќе успеете да добиете со трампа на лименките, но нема да биде дозволено користење на никакви бесплатни услуги остварени на друг начин (пример користење авионска карта со собрани поени). Тимовите ја започнуваат авантурата од една од петте точки: Амстердам, Барселона, Будимпешта, Копенхаген и Милано.

Кој може да се пријави и да учествува?

Сите членови на тимот мора да се се студенти на кој било факултет и да имаат над 18 години во моментот на пријавување и за време на авантурата Red Bull Can You Make It? Исто така, сите членови на тимот треба да имаат основни познавања од англиски јазик.

Како да се пријавам со мојот тим?

Веќе сте заинтересирани, нели? Откако ќе најдете уште две личности кои што ќе го делат вашиот ентузијазам ќе треба да подготвите пријава во форма на видеозапис, сѐ со цел луѓето да можат да гласаат за вас во тој избор.

Во едноминутното видео треба да објасните зошто токму вие треба да бидете избрани да учествувате во Red Bull Can You Make It?

Видеото може да го снимите како сакате – со вашиот мобилен телефон, со професионална камера или како зачувано story на Instagram или Snapchat. Потоа треба да го аплоудирате на YouTube или Vimeo и да ја поднесете вашата пријава. Во секоја земја има отворен конкурс за избор на национален тим.

Видеото потоа ќе биде ставено на јавно гласање на redbullcanyoumakeit.com.

Како да си ги зголемите шансите да бидете избрани?

Со видеото мора да покажете вештини, кои всушност ќе бидат столбовите на вашата авантура: тимска работа, креативност и посветеност.

Собирајте поддршка, бидејќи тимовите со најмногу гласови од секоја земја ќе станат финалисти! Потоа судиски панел ќе ги избере победничките тимови од сите финалисти и тие ќе учествуваат во авантурата Red Bull Can You Make It?

Кога е крајниот рок за пријавување на тимовите?

Пријавувањето почна на 1 октомври, 2019 година, а завршува заклучно со 17 февруари, 2020 година. Имате уште 20 дена да го соберете друштвото!

Кога почнува авантурата Red Bull Can You Make It?

На 9 март, 2020 година, ќе биде соопштено кои се избраните 200 тимови од речиси 60 земји од целиот свет и речиси сите континенти.

На 21 април, 2020 година овие 200 тимови ќе тргнат од една од петте стартни точки: Амстердам, Барселона, Будимпешта, Копенхаген и Милано.

Победници нема да бидат оние што први ќе стигнат на целта, туку оние кои најинтересно си поминале по пат во предвидените седум дена, а за да тоа биде евалуирано, ќе мора да бидете мошне активни со фотки и видеа на социјалните мрежи.

Правила на игра

Бодување

Тимовите ќе добијат поени на нивното патување на 3 начини: завршени предизвици на контролните точки, бодови од социјални медиуми и завршени предизвици од листата на авантури.

If you can't make it

Да ја поминеш цела Европа не е лесен предизвик, и некои тимови можеби нема да успеат да ја завршат таа задача. Ако некој тим одлучи дека не може да продолжи, тие можат или да го отворат пликото за итни случаи и да ги искористат сопствените средства за да стигнат до Берлин, или да ја контактираат Central Command која ќе се погрижи за тоа тимот да стигне дома. Сериозни прекршоци на Правилата и условите, Кодексот на честа, или Законите може да резултира во дисквалификација на тимот од Red Bull Can You Make It? Во тој случај, тимот ќе биде одговорен за својот транспорт до дома веднаш.

Кодекс на честа

За време на настанот, тимовите можат да бидат дисквалификувани ако го прекршат Кодексот на честа, кој се состои од следниве правила:

1

Пари не смеат да се употребуваат. Не смеете да заработите, прифатите или употребите било каква валута која не е Red Bull.

2

Забрането е користење на лични или позајмени мобилни телефони, компјутери, таблети или други уреди освен официјалниот уред кој е наменет за овој настан.

3

Тимовите мора да го користат официјалниот уред за да ги прикачуваат сликите, видеата и останатиот материјал за време на патувањето и да го следат нивниот прогрес.

4

Забрането е користење на frequent flyer miles.

5

Забрането се однапред договорени форми на транспорт (пр: договарање на пријател да ве вози до Берлин).

6

Забранета е сериозна саботажа на останатите тимови кои се натпреваруваат.

7

Однесувајте се прикладно на сите законски ограничувања во секоја држава која ќе ја посетите. Доколку не сте сигурни, ве молиме контактирајте ги Central Command за појаснување.

8

Забрането е разделување на тимот во било кое време. Целото патување и сите Предизвици на Контролните точки мораат да бидат направени заедно како тројка.

9

Секој тим мора да посети барем 6 Контролни точки.

10

Ако некој тим прекрши едно од овие правила, сите членови ќе бидат дисквалификувани и тимот ќе треба да се врати дома во сопствена режија.

Целосниот преглед на правилата на настанот, деталните услови за бодување и услови за влез за секој тим може да ги прочитате ТУКА.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе