Дали можете да ја утврдите точната километража на половно возило?

Купувањето половно возило често знае да биде „мачка во вреќа“  - никогаш не можете да бидете 100% сигурни што добивате.

Колку е постар автомобилот и колку повеќе сопственици сменил, толку повеќе расте веројатноста за таква ситуација.

Клучен фактор во изборот е секако километражата на автомобилот која речиси „по правило“ се намалува.

Најмалку 30% од половните возила се со „вратена километража“

Со овој вид на измама се служат речиси сите кои научиле како да го вратат бројчаникот.

Тоа им овозможува значително да ја зголемат цената на половниот автомобил, бидејќи разликата во вредноста е голема: возило кое преминало 150.000 километри е неколку илјади евра поскапо во споредба со цената на ист таков автомобил (ист модел и година на производство), но со поминати 250.000-300.000 километри.

Едноставно, на одреден број километри (најчесто околу „магичната“ цифра од 200.000) поради истрошеност почнуваат да откажуваат одредени компоненти на возилото и тоа најчесто оние чија замена е најскапа.

Експертите тврдат дека бројот на автомобили со променета километража опфаќа повеќе од 30% од пазарот на половни возила. Во пракса тој процент е уште повисок, барем на нашето поднебје.

Како да проверите дали продавачот сака да ве измами?

Иако никогаш не може со стопроцентна сигурност да ја утврдите точната километража на возилото, има неколку чекори што ќе ве донесат барем до приближната вредност, што ќе ви помогне подобро да ја процените состојбата и вредноста на половниот автомобил за кој сте заинтересирани.

Пред сѐ, треба детално да ја проверите сервисната книга на возилото во која барем до одреден момент била водена евиденција за километражата и поправките.

Тоа може да ви даде претстава колку километри годишно поминувало возилото во просек, па да дојдете до некоја просечна вредност во моментот кога вие го купувате.

Се препорачува и да го однесете автомобилот во сервис каде имаат опрема за комплетна дијагностика на возила и ќе ви укажат на одредени дефекти на компонентите.

Подобро да платите за проверка, отколку да имате многу повисоки непланирани трошоци за поправки или промена на скапи делови.

Колку е понов автомобилот, толку поточна информација може да добиете за поминатата километража, дури и ако некој манипулирал со бројчаникот.

Ова се повеќе мерки на претпазливост и нема начин со целосна сигурност да го утврдите бројот на поминати километри, но барем ќе имате појасна слика за тоа колку пат поминало возилото и колку вашата пресметка се поклопува со бројката што ја покажува бројчаникот.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Read more

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more
 

Автомобили

  • filter

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Читај повеќе

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе