Дали можете да пиете андол и аспирин откако сте примиле вакцина AstraZeneca?

Појавата на згрутчување на крвта како несакан ефект на вакцинацијата со AstraZeneca е сè уште исклучително ретко и според ЕМА тоа е забележано во само 222 случаи меѓу 34 милиони вакцинирани лица и со тоа претставува илјада пати помал ризик отколку инфекција со коронавирус.

Во медицинската професија и јавноста интензивно се дискутира околу препишувањето Андол или Аспирин по вакцинирањето за да се намали можноста за тромбоза.

Официјални стручни препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје на оваа тема сè уште не постојат, но познато е дека некои лекари ги советуваат своите пациенти по вакцинирањето да земаат помали дози на лекови кои содржат ацетилсалицилна киселина, односно оние од „семејството“ на андол или аспирин.

Сплитската докторка Ведрана Буриловиќ, специјалист за трансфузиона медицина, која раководи со амбулантата за хемостаза и тромбоза на одделот за кардиохирургија на Универзитетскиот болнички центар Сплит, за tportal изјави дека не гледа голема штета од ваквиот потег.

Но, нагласува таа, под услов лицата прво да се консултираат со лекар, особено со оние од семејна медицина, кои ја знаат нивната здравствена состојба и можната историја на болести.

Максимум 100 милиграми еднаш на ден

„За пациенти кои не се на континуирана антитромбоцитна или коагулантна терапија, јас лично препорачувам да земаат андол или аспирин дваесет дена или еден месец од денот кога се вакцинирани, бидејќи можната штета е многу помала отколку во ситуација кога не се заштитени“, рече д-р Буриловиќ.

Овој став не значи дека по вакцинирањето луѓето треба да се на фрлаат неконтролирано и без мерка на споменатите лекови. Напротив: како максимална доза таа препорачува 100 милиграми еднаш на ден, по совет на лекар и под услов да не постојат состојби врз кои би можело да влијаат, како што е чир на желудник. Д-р Буриловиќ ја објасни својата теза, која сепак не е официјална во пракса:

-Згрутчувањето на крвта се формира со оштетување на ѕидот на крвниот сад и активирање на тромбоцитите што се „лепат“ таму, но тромбот не е стабилен сè додека не се активираат факторите на коагулација. Луѓето кои веќе имаат хиперагрегативна и хиперкоагулабилна состојба се под терапија и веќе се практично заштитени од несаканите ефекти на вакцината, но оние кои не знаат дека имаат проблем се нешто поизложени. AstraZeneca е векторска вакцина, како и нашите „класични“, што може да предизвика послаба форма на заболување кај поединци, а COVID-19 е болест која го оштетува ендотелот, објаснува докторката од Сплит.

Ако имате чир на желудник, бидете внимателни

„Значи, не гледам голема штета да земате андол или аспирин дваесет или триесет дена, но пациентите треба да знаат дали претходно земале лекови од таа група и дали имале несакани ефекти или алергии, и пациентите со оштетен гастроинтестинален систем треба да бидат особено внимателни, особено оние со чир на желудник кој би можело да крвари. Исто така, постојат луѓе кои, од други причини, имаат мал број на тромбоцити и кои исто така може да крварат. Затоа, лекарите, особено оние од семејната медицина, се најкомпетентни да проценат“, објасни д-р Буриловиќ.

Аспирин или андол може да го спречат првиот чекор во згрутчување на крвта ако веќе постои ризик дека AstraZeneca ќе предизвика поголем имунолошки одговор и да го оштети ендотелот.

„Ако некое лице има генетски нарушени фактори на коагулација, тогаш овие лекови вообичаено не се доволни, туку следи антикоагулантна терапија“, вели д-р Буриловиќ.

Нејзиниот заклучок е всушност едноставен: ако вакцинираното лице претходно земало аспирин или андол, ако има нормална крвна слика и број на тромбоцити и ако не страда од други болести или нема чир на желудник - по консултација со неговиот лекар, мала доза на овие лекови не би требало да направи штета.

Таков став нема во официјалната литература, но во пракса е многу присутен.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе